Дома / Вицови / Виц на денот (страна 89)

Виц на денот

Паника

Стојат две мали деца пред црква и гледаат како од црквата излегува штотуку венчан брачен пар…
Едното дете му вели на другото:
– Гледај сега паника!
Трча до младоженецот, го фаќа за рака и му вели:
– Здраво тато!!!

Баклава

Оди некој Ром оди по улица и се дере на цел глас:
– Не сакам да правам баклава… не сакам!!!
Поминува некој цајкан и го прашува:
– Добре бе, кој те тера да правиш баклава?
А тој му одговара:
– Порано Македонците се бавеа со политика, Албанците правеа баклави, а ние Ромите крадевме… Сега Македонците крадат, Албанците се бават со политика, а ние мора да правиме баклави.

Хороскоп

Вашиот хороскоп за 2011 година е:

Здравје – ѕвездите ви се смешкаат.
Работа – ѕвездите ви се смешкаат.
Пријтелство – ѕвездите ви се смешкаат.
Љубов – ѕвездите умираат од смеење.

Видови раѓања

Професор на испит го прашува студентот:
– Кажете ми какви раѓања знаете?
– Предвремено, со задоцнување, неправилно!
– Ве молам подетално!
– Предвремено: – една година пред свадбата. Со задоцнување: три години по смртта на сопругот. Неправилно: кога наместо сопругата раѓа сосетката.

Баби

Доаѓа една баба кај друга баба и и вика :
– Дај прашај ме како се чуствувам!
– Чекај да ти сварам кафе прво.
Поминуваат 15 минути…
– Дај прашај ме ма како се чуствувам!
– Добро! Како се чуствуваш?!
– Ќути не прашувај!

Грешница

На час по цртање учителот се наведнува над Трпе:
– Што црташ, Трпе?
– Грешницата Марија Магдалена!
– Пред или по гревот?
– За време на гревот!

Берба

Наставничката го прашува Трпе:
– Трпе кога се берат јаболките?
– Кога комшијата не е дома, наставничке!

Подмалдување

Оди Трпана во продавница и купува цел комплет скапа козметика за подмладување. После апликацијата, го прашува Трпе:
– Драги, ај кажи сега искрено, колку стара изгледам?
– Па според косата 18 години, лицето 20 години, телото 25.
– Ах, колку си сладок. Стварно ли изгледам толку млада?
– Чекај малку, уште не сум ги собрал, па да ти го кажам збирот.

Коска

– Зошто Црногорец става коска во панталоните после ручек?
– За Шарко да го одвлечка до ладовина.