Дома / Вицови / Виц на денот (страна 85)

Виц на денот

Виагра

Цветко на зелен пазар се обидува да му продаде пакетче Виагра на Трпе:
– Ова пакетче кошта 1000 денари, јас ти го давам за 800.
– Не, не вреди.
– Добро, дај барем 500.
– Не, не вреди.
– А за 200, што викаш?
– Не, не вреди.
– Еве за 100 ти го давам.
– Не, бе, не вреди.
– Е, како бе не вреди, во аптека една таблета е 500 денари.
– Ааа, таблетите вредат како не, жена ми не вреди.

Подарок

Маж ѝ купил на својата жена дијамантски прстен за Нова Година. Негов пријател разбрал за гестот и го прашува:
– Добро, нели таа сакаше од оние спортските џипови?
– Да, сакаше. Но, ајде кажи ми каде можев да најдам лажен џип?

Молење

Трпе ја испраќа Трпана кај роднините во Германија. Авионот полетал и Трпе почнал да се моли:
– Боже, те молам земи ја, сега ти е најблиску.

Шишенце

Докторот му вели на Трпе дека мора да му направи спермограм, му дал едно шишенце и му рекол да го наполни и да го донесе другиот ден.
Доаѓа Трпе другиот ден со празно шишенце, и докторот му вика:
– Па зар не ти реков да го наполниш?
– Пробав докторе, прво со левата рака, па со десната и не бива. Потоа ја викнав жена ми, и таа почна прво со левата рака, па со десната, па потоа проба со уста и пак не бива. Па ја викнавме и комшивката, и таа проба се, и ти велам докторе дека нема теоретски шанси да го отвориме ова шишенце.

Стакло

Што е тоа што луѓето го измислиле за да гледаат ситни нешта?
– Микроскоп.
Што е тоа што луѓето го измислиле за да ги гледаат ѕвездите?
– Телескоп.
А што е тоа што Кинезите го измислиле за да гледаат низ ѕид?
– Стакло.

Луле

Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до еден мирен кој си седи под едно дрво. Прашува главниот од комисијата: добро, што се замислува оној под дрвото?
Управителот на болницата рекол, оди, прашај го. Оди овој, го прашува:
– Добро, што се замислуваш ти?
Лудакот му одговорил:
– Е па, знаеш јас сум луле!
– Како бе луле?
– Е па, стави ми тутун на главата и повлечи доле.

Нови патики

Му купиле на малиот Трпе патики.Тој почнал да им се радува. Но првите денови тој не ги вадел од кутијата.
-Абе Трпе, зошто не ги носиш новите патики што ти ги купивме пред 2 дена?
– Мамо, па продавачката рече дека првите 2-3 дена можат да ми направат плускавици, па затоа решив да ги носам по 2-3 дена!

Години

Разговараат две жени.
– Ти уствари колку години имаше?
– 25!
– Е ај не ме заебавај, лани ми кажа исто дека имаш 25!
– Е јас не сум од оние кои еднаш велат едно, после друго!