Дома / Вицови / Виц на денот (страна 83)

Виц на денот

Мајмунче

Влегува жена во автобус и возачот и вели:
– Тоа е најгрдото дете на светов!
Жената изнервирана седнува на крајот од автобусот. Му кажува на еден човек што се случило а тој и вели:
– Оди ти слободно расправај се, јас ке ти го почувам мајмунчево!

Пол

Родители одат на лекар:
– Какво ќе биде, докторе, момче или девојче?
– Кога ќе порасне самото ќе си реши!

Гага

Во петок пред некоја автобуска станица чекаат двајца пензионери. Во тој момент доаѓа автобус и едниот пензионер го прашува другиот:
– Абе, кој број е автобусот?
– Абе што ти е гајле, влагај па ќе се вратиш со друг.

Фудбал

Си биле две плавуши и едната ја прашува другата:
– Како помина на првата брачна ноќ.
– Никако мажот цела ноќ ми збореше за Перикле и Аристотел. И ја му одговорив: Џабе збориш јас не се разбирам во фудбал.

Барабанче

Малиот Трпе му вика на татка си:
– Сакам да ми купиш барабанче!
– Не може, ќе ми тропаш додека гледам телевизија и читам весници!
– Нема тато ветувам, ќе тропам додека спиеш!

Кладба

Во 18 часот Русокоса и Црвенокоса гледале вести. Давале како еден маж стои на мост и се заканува дека ќе рипне.
Русокосата се клади по 100 денари дека тој нема да рипне. Црвенокосата прифатила. По 1 минута, мажот се решил и рипнал, тогаш Русокосата и ги подала парите на Црвенокосата. Но таа ги одбила.
– Морам нешто да ти признаам. Јас вестиве ги гледав во 16 часот и знаев што ќе се случи. – рекла Црвенокосата.
А на тоа русокосата вратила:
– Абе и јас ги гледав но немислев дека уште еднаш ќе рипне.

Лозинка

Двајца другари разговараат:
– Фејсбук имаш?
– Имам.
– А, Скајп имаш?
– Имам.
– А, Твитер имаш?
– Имам.
– А, живот имаш?
– Имам, али ја заборавив лозинката.