Дома / Вицови / Виц на денот (страна 82)

Виц на денот

Постоење

Професорот: Ученици дали постои Господ?
Учениците: Да постои!
Професорот: Може ли да го видите?
Учениците: Не!
Професорот: Може ли да го допрете?
Учениците: Не!
Професорот: Епа тогаш не постои Господ.
Ученик: Се извинувам професоре, можете ли да го видете вашиот мозок?
Професорот: Не!
Ученикот: Можете ли да го допрете?
Професорот: Не!
Учениците: Па тогаш немате мозок!

Венчавка

Попот: сега може да ја бакнете невестата!
Невестата: Попе, а да ми го стави?
Попот зачудено гледа во невестата…
Невестата: Прстенот, попе, прстенот.

Акселерација

Полицаец со вози во 15ка и наеднаш автобусот нагло закочува и на полицаецот му седнува згодна девојка. Целата зацрвенета му вика:
– Простете, акселерација!
– Драго ми е, Цветко! – рече полицаецот.

Виагра

Цветко на зелен пазар се обидува да му продаде пакетче Виагра на Трпе:
– Ова пакетче кошта 1000 денари, јас ти го давам за 800.
– Не, не вреди.
– Добро, дај барем 500.
– Не, не вреди.
– А за 200, што викаш?
– Не, не вреди.
– Еве за 100 ти го давам.
– Не, бе, не вреди.
– Е, како бе не вреди, во аптека една таблета е 500 денари.
– Ааа, таблетите вредат како не, жена ми не вреди.

Подарок

Маж ѝ купил на својата жена дијамантски прстен за Нова Година. Негов пријател разбрал за гестот и го прашува:
– Добро, нели таа сакаше од оние спортските џипови?
– Да, сакаше. Но, ајде кажи ми каде можев да најдам лажен џип?

Молење

Трпе ја испраќа Трпана кај роднините во Германија. Авионот полетал и Трпе почнал да се моли:
– Боже, те молам земи ја, сега ти е најблиску.

Шишенце

Докторот му вели на Трпе дека мора да му направи спермограм, му дал едно шишенце и му рекол да го наполни и да го донесе другиот ден.
Доаѓа Трпе другиот ден со празно шишенце, и докторот му вика:
– Па зар не ти реков да го наполниш?
– Пробав докторе, прво со левата рака, па со десната и не бива. Потоа ја викнав жена ми, и таа почна прво со левата рака, па со десната, па потоа проба со уста и пак не бива. Па ја викнавме и комшивката, и таа проба се, и ти велам докторе дека нема теоретски шанси да го отвориме ова шишенце.