Дома / Вицови / Виц на денот (страна 8)

Виц на денот

Ручек

Трпе ја прашува Трпана:
– Жено, што имаме за ручек денес?
– Тавче гравче.
– Пак! Не можам секој ден да јадам грав!
– Е да бе, а иста ракија можеш да пиеш секој ден?!

Светлана

Спијат маж и жена Охриѓани, во сон мажот извикува:
– Светланааа!
Веднаш јаде шамар од жена му која го прашува:
– Која ти е таа Светлана бе!?
Абе светлана вкујна изгасни ги, ги заборавив…

Сакање

прашуе га кумановка мужа ву:
– Мужу, колко ме сакаш ти мене, од ед’н до десет, на пример?
– Па жено, искрено да ти кажу… Од ед’н до десет много те сакам, а од 11 ќе иду на пиво сас другари!

Риболов

Трпе поминал два дена со својата љубовница, а и рекол на сопругата дека е по риба.
На пат кон дома, влегол во продавница за риболов за да купи крап како алиби.
Го плаќа крапот и му вика на продавачот:
– Ај те молам фрли го крапот преку шалтерот кон мене.
– Зошто?!
– Па, да можам со чиста совест да кажам дека сум го фатил.

Запознавање

Малиот Трпе го прашува татко си:
– Тато, како се запознавте со мама?
– Долга приказна. Она верува дека јас ја имам запалено на клада уште во 1703 година и од тогаш се заколнала дека ќе се врати и ќе ми се одмазди…

Покачување

Газда на компанија им говори на своите вработени:
– Постојано плачете и се жалите, ама факт е дека оваа година платите ви се повисоки за 30%!
Од гужвата се слуша глас:
– За разлиак од која година?!
– Од наредната!

Рибар

Трпе гледа некој рибар на Вардар како лови риби и му проѓа:
– Долго време рибарите?
– Да, веќе дваесет години.
– И не ви е досадно вака сам да седите до река?
– Не! Секогаш се наоѓа по некоја будала што поставува глупи прашања.