Дома / Вицови / Виц на денот (страна 70)

Виц на денот

Волшебни прозори

Имало ресторан на 100ти спрат на некоја зграда. Пијан човек сакал да ги убеди гостите дека прозорите се волшебни и ако скокнат низ нив нема да паднат. Гостите не му верувале, човекот скокнал и лебдел. Гостите не чекале, веднаш скокнале и тие и паднале. Тогаш келнерот се обратил накај пијаниот човек и му рекол:
– Навистина си идиот кога си пијан, Супермен!

Пара

Две комшивки оговараат:
– Не ми се верува дека се земала со тој старец!
– Драга, кога ја земаш парата, не гледаш која година е штампана.

Роден

Трпе го носи син му во некое атеље и му вика на уметникот:
– Еве ти го! Научи го да слика!
– Ама господине, тоа не е така лесно. Треба да сте роден за тоа.
– Па еве го бе, не гледаш? Роден е!

Специјализација

Македонски курви отишле на специјализација во Франција. По две недели сите се вратиле освен Стојанка. Макрото ги запрашал:
– Каде ви е Стојанка, бре?
– Мораше повторно да полага, падна на усно!

Гласање

Груевски, Саркози и Берлускони патуваат со авион и пилотот им вика:
– Ни снема гориво, но имаме само еден падобран, како ќе успееме.
– Ајде да гласаме! – вели Груевски.
Сите се согласаат! Гласаат и победува Груевски. Си го зема падобранот, и се фрла.
Берлускони му се врти на Саркози и му вели:
– Како освои 40 гласови, а ние сме само 3 луѓе?

Сладолед

Оди Цветко во слаткарница и келнерката му вика:
– Повелете.
– Имате сладолед?
– Да!
– Од што?
– Од се!
– Епа дајте ми 3 топки од се!

Продавач

Во дукан за сваштарија се барало продавач и на тој оглас се пријавил човек што грнкал.
– Добар ден јас дојдов за работа – рекол човекот
– Ајде да видиме како работиш па за една недела ке те известиме – рекол газдата на дуканот
После една недела оди газдата во дуканот и кога што да види овој продавачот продал многу работи направил многу пари и му вели:
– Како бре направи толку пари?
– Епа дојде еден човек и купи трска – рекол продавачот
– Е само од една трска ли се прават толку пари – прашал газдата
– Епа јас му викам што ќе ти е таа трска, ако немаш чамец со трската ли ќе идеш до сред езеро и му продадов му и чамец и викам е со што ќе го носиш чамецот и продадов му и кола и викам а што чамецо у колата ли ќе го ставиш и му продадив и приколица.
– Еее, браво, човекот дошол за трска, а ти си му продал и чамец и кола и приколка! – вика газдата
– Аааа не, он дојде да купи улошки за жена му!
– Е како улушки и трска? Како може така… – зачудил се газдата
– Епа јас му викам што ќе правиш овој викенд, ни можеш да ја онадиш ни ништо, ајде оди на риболов.

Сакање

Разговараат црнка, црвенокоса и русокоса:
Црнката: – Ех, што сакам да бидам јаболко па да ме милуваат, да ме гризат… да ме гризат… се додека не свршам!
Црвенокосата: – Ех, што сакам да сум сладолед, па да ме лижат, да ме лижат… се додека не свршам!
Русокосата: – Ех, што сакам да сум грамофонска плоча, па да ме вртат, да ме вртат… а кога ќе свршам да ме свртат од другата страна па повторно да ме вртат додека не свршам… и повремено да сменат игличка.

Криза

Кризата обиколувајќи го целиот свет, стигнала до Македонија и рекла:
– Каде и да одиш, дома си е дома!

Сметка

Лекарот му наредува на болниот Цветко:
– Од денес минувате само на леб и вода, никако алкохол, никако жени, никакви излегувања и забави…
– И до кога така?
– Додека не ми ја платите сметката.

Пакет

Плавуша во пошта испраќа писмо. Службеникот и вели:
– Пакетот ви е претежок, треба да залепите уште една марка.
– Така ќе биде полесен?