Дома / Вицови / Виц на денот (страна 61)

Виц на денот

Желби

Цветко седи во ресторан. Го вика келнерот и го прашува:
– Дали пејачката исполнува желби?
– Да, господине.
– Тогаш кажете и да замолчи!

Најсвежо

Некој господин редовно одел во истиот хотел со пет ѕвезди и секогаш го служел истиот келнер. Келнерот како и секогаш среден со крпа на раката го послужува:
– Повелете господине?
– Што имате најсвежо денес?
– Незнам господине келнер сум, не работам во кујната.
– Можe крпата малце?
Овој збунет, ама му ја дава. Господинот ја зема ја реди на нос вдишува силно и вика:
– Донеси ми стек.
И му ја враќа крпата. Овој уште по збунет трча во кујната и вика:
– Луѓе, што имаме најсвежо денес?
– Стек!
Другиот ден истата случка:
– Повелете!
– А денес што имате најсвежо?
Овој веќе изнервиран вика:
– Не знам, господине!
– Може малце крпата?
И овој му ја дава овој вдишува силно пак:
– Донеси ми плескавица!
Овој оди во кујна и пак прашува:
– Абе луѓе, плескавица имаме најсвежо?
-ДА.
И веќе преку глава му дошол и решил да го за*бе. Доаѓа господинов следниот ден и келнерот го послужува и овој:
– Може крпата малце?
– Може една минутка да почекате господине ќе се вратам одма.
Овој со трчање кај газдарицата и и вика:
– Пикни ја крпава во гаќите и триј ја силно!
– АААУУУ па ти си луд нема шанси!
– Ве молам ми треба!
И оваа видела невидела ја пикнала крпата ја истила и му ја вратила. Целот среќен оди и му вика на господинот:
– Крпата ја баравте?
И му ја подава. Господинов вдишува силно до последен здив и вика
– ОД КОГА РАБОТИ ТРПАНА КАЈ ВАС?

Дропки

Малиот Трпе се враќа од училиште и Трпана го прашува:
– Сине што учевте математика?
А детево и вика:
– Земавме за дропки.
Ама не му било јасно за дропки и ја прашува мајка си дали може да му објасни.
– Имаш една пита и кога ќе ја поделиш на пола што ќе добиеш?
– Една половина!
– Точно, а кога ќе ја поделиш уште на пола?
– Една четвртина!
– Точно, а кога таа пита ќе ја поделиш уште на 125 делови што ќе добиеш?
– Ќе останат само трошки.

Диета

Две плавуши се сретнуваат на улица:
– Леле, колку си ослабела! Нова диета?
– Да, моркови, компири, цвекло.
– Ги вариш или ги печеш?
– Ги копам!

Уживање

Ја прашуваат бабата:
– Бабо, кој ужива повеќе во сексот, мажите или жените?
А бабата им одговара:
– Кога ве чеша увото и кога ќе го ставите прстот, кој ужива повеќе, прстот или увото?

Изненадување

Си биле Мујо и Хасо и се прашувале како е во рајот. Потоа се договориле кој прв што ќе отиде да му се јави на другиот во сон. И така Хасо прв умрел и му јавил во сон на Мујо после неколку месеци:
– Кај си бе Мујо што правиш?
– Еве ништо, како е таму убаво ли е?
– Абе Мујо тука има се, абе иначе заборавив да ти кажам нешто..
– Што?
– Ме примија во Фудбалската федерација и имам изненадување за тебе.
– Добро де кажи го!
– Во среда имаме натпревар и ти браниш!

Цар

Еден орел, седи на врв на една огромна карпа и пуши трава. Седи така и си вели сам на себе „кој цар сум јас еј…“
Повлекува уште еден дим и пак си повторува, „кој цар сум јас…“ Се пушта од карпата надолу и на еден метар пред земјата ги раширува крилата и полетува назад кон врвот на карпата. Застанува и пак си повторува, „кој цар сум јас…“
Доаѓа друг орел до него и го прашува:
– Бачко шо има?
– Еве, дувам малце, сакаш?
И така седнале еден покрај друг и само си повторувале „Кои цареви сме ние еј…“ По некое време се пуштаат кон земјата и на еден метар пред да удрат ги рашируваат крилјата и се качуваат горе.
Доаѓа мечката до нив и ги прашува:
– Момци, што праите?
– Еве малку пушиме, сакаш?
Така мечката седнува до нив и сите заедно се пуштаат кон земјата и на паѓање надоле орлите ја прашуваат мечката,
– Мецо, имаш крилја ти?
– Не.
– Кој цар си ти мецо, еј…

Последниот Мохиканец

Трпе и Трпана се сексале после подолго време и после пола саат Трпе ја прашува Трпана:
– Добро жено, чувствуваш ли ти нешто?
– Не!
Трпе и ја бутнал раката и пак ја прашува:
– Добро, а сега чувствуваш нешто?
– Не!
И ја бутнал ногата и пак ја прашува:
– Добро, а сега чувствуваш нешто?
– Не!
Ја извадил ногата, ама му останала кондурата внатре па влегол да си ја побара. Барајќи ја видел некој индијанец, па го прашал да не ја видел неговата кондура. На тоа му индијанецот му одговорил:
– Не, а ти да не го виде моето племе?