Дома / Вицови / Виц на денот (страна 60)

Виц на денот

Натпревар

Имало натпревар во борба на кучиња, и кучето на Цветко се живо исподавило и освоило прво место.
Еден од жирито возбудено го прашува што сорта е ова.
– Е па ова е специјална африканска сорта.
– Ама кучево како да е бричено, зошто си го избричил?
– Е па ако не го избричам го викаат лав!

Шеќер во прав

Трпе оди кај својот пријател доктор.
– Докторе, абе жената многу си ја сакам, ама некако не можам со неа да имам орелен секс, што да правам, што не е во ред со мене?
– Се е во ред со тебе Трпе, туку земи ти шеќер во прав, посопи ја, и ќе видиш колку ќе ти биде убаво, слаткоини, прсти ќе излижеш.
После некој ден ете го Трпе пак кај докторот, целиот потечен во очите.
– Што ти е бре црни Трпе?
– А бе се беше како кажа, слаткоини, ама кога ќе прднеше, тоа прав шеќерот се во очи ми одеше.

Инфаркт

Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
– Што се случува?
– Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.
– Тато, чичко Цветко се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
– Абе Цветко, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми…

Тестирање

Баба Цвета сакал да ги провери свои три зета колко гу сакав, и решила да ги тестира.
Викнала га првога зета на гости и рипнала у реку да се дави. Зет рипнаја по њума и гу спасија. Јутре д’н пред његову куќу осмнаја нов Фиќо с’с поруку:
– Пуно фала. – твоја баба.
Другу недељу викнала га другога зета и исто. Рипнала да се дави, зет улегнаја у реку и гу спасија. И баба Цвета и на њега му купила ново Фиќо с’с поруку:
– Пуно фала. – твоја баба.
Треќу недељу викнала га и најмалога зета и исто. Рипнала у воду да се дави, а зет завртеја главу и баба Цвете се удавила. Јутре д’н пред његову куќу осмнаја нов Ауди с’с поруку:
– Пуно фала – твој дедо.

Анџелина Џоли

Дечкото ја прашува девојката:
– Душо, ти кажал ли тебе некој дека личиш на Анџелина Џоли?
– Не.
– Па како да ти кажат кога не личиш!!!

Куфер

Зајакот патувал со воз и одеднаш неговите куфери ги снемало. Зајакот нервозно вика:
– Вратете ми ги куферите, да не се случи тоа што се случи лани!!!
После некое време пак:
– Вратете ми ги куферите, да не се случи тоа што се случи лани!!!
И крадците му одговориле:
– Е добро бе зајко, ќе ти ги вратиме, ама прво кажи ни што ти се случи лани?
– Како што ми се случи? Па ми ги украдоа и не ми ги вратија.

Благодарност

Македонскиот премиер решил да се прошета и да види како живеат обичните луѓе. Сретнал едно мало момче.
– Каде е татко ти?
– Отиде на работа со новиот автомобил.
– А мајка ти?
– Отиде на работа со стариот автомобил.
– А кој е дома?
– Баба ми, гледа телевизија на новиот телевизор.
– Гледаш ли момче, за сето тоа треба да сте ми благодарни мене!
– Бабо, бабо!!! Си дојде чичо од Америка!

Паричка

Грк прашал Македонец:
– Кај кого се падна паричката кај вас?
– Во мене, а кај вас?
– Ние нема што да ставиме!

Диџеј

Еден DJ фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла:
– Почекај малку! А трите желби?
Диџејот воздивнал и рекол:
– Добро! Кажи кои песни сакаш!

Препишување

Се враќа синот касно од излегување, а мајка му и татко му почнуваат да му викаат:
– Каде си ти досега? Колку е часот? Имаш ли ти куќа?
А синот им одговара:
– Немам, чекам да ми ја препишетe.

Слобода

Доаѓа Трпе дома од работа и ја гледа Трпана во секси долна облека со лисици и му вика:
– Трпе врзи ме со лисиците и прави што сакаш со мене!
Овој ја врзал и си отишол да фаќа риби.

Бубачки

Цветко отишол во земјоделска аптека и побарал спреј против бубачки. Продавачот му рекол:
– Има од 100 денари што убива 1.000 бубачки и од 50 денари што убива 500 бубачки.
Цветко се свртел да замине, а продавачот го прашал:
– Каде одиш?
– Одам да ги избројам бубачките.