Дома / Вицови / Виц на денот (страна 5)

Виц на денот

Поклон

Му се јавува чичкото на Трпе од Германија:
– Кажи Трпе што сакаш чичо да ти купи од Германија?!
– Може две јајца?
– Што ќе ти се две јајца?
– Да го комплетирам курот што ми го донесе минатиот пат!

Последна Желба

Двајца осудени на смрт, пред да бидат погубени ги прашале дали имаат последна желба.
Првиот од нив рекол:
– Јас сакам уште еднаш да го слушнам последниот хит на Јелена Карлеуша.
Вториот:
– Мене ако може да ме стрелате прв!

Игралиште

Детско игралиште. 5-годишната Трпана дотрчува до мајка си возбудена:
– Мамо, мамо, си имам маж!
– Браво Трпано! – Се шегува мајката. – А кој ти е маж?
– Трпе, тој што си игра во песокот таму.
– И како дозна дека Трпе ти е маж?
– Па пред малку ми рече „Ајде собирај си ги работите и марш кај мајка ти!“

Лек

Трпе на радио слуша некоја религиозна емисија:
– “Верата во господ може да излекува секаква болест, само испружете ја едната рака кон небото а другата ставете ја на болното место”
Трпе ја испружил едната рака кон небото а другата ја ставил меѓу нозе.
Го гледа Трпана и му вели:
– Нели слушна шо кажа човекот, да излекува болест, а не да оживее мртовец!

Беспарица

Трпе и Цветко разговараат:
– А бе Цветко, баш имаме среќа што кај нас во село нема педери!
Цветко се подзамислува па одговара:
– Па не сум баш сигурен во тоа…
– Е, како не си? Нема кај нас педери!
– А Трпе, би дал ли ти г’з за 10 евра?
– Нема шанси!
– А за 100?
– Ти реков, нема шанси!
– А за милионче?
– Епа за милионче би размислил…
– Епа гледаш? Не е дека овде нема педери, туку нема пари!

Погреб

Трпана имала љубовник во друг град. Не знаела како да се извлече од дома за да се види со него, па љубовникот и рекол да излаже дека ќе оди на погреб на некој роднина. Така и направила, но маж и и рекол и свекрвата да оди со неа. Му се јавува таа на љубовникот и му кажува дека и свекрвата ќе дојде со неа и го прашува што да прави.
– Доведи ја и неа. Ќе и најдеме некој. И таа ќе биде задоволна – и вели љубовникот.
После „погребот“ одејќи си дома, снаата ја прашува свекрвата:
– Мамо, што ќе кажеме кога ќе стигнеме дома?
– Ти снао кажи што сакаш, а јас како што е ред, после 40 дена морам пак да одам.

Адреси

Оди Трпе кај селскиот поп да се исповеда.
– Оче згрешив, најсрамниот грев го направив!
– Кажи чедо, Бог е милостив ќе ти прости…
– Не можам оче срам ми е!
– Да не е со Митра на воденичарот?
– Не оче, голем грев, ми изгоре душата…
– Да не е со Јана на грнчарот жена му?
– Не оче… Ќе се варам цела вечност во Казан!
– Да не е со снаата на даскалот Трајан?
– Не оче, прости ми не можам, не можам да кажам…
И си тргнал. На излегување од црквата се сретнал со свој сосед и соседот го прашува:
– За каква работа си тука бе Трпе, што сакаш?
– Ништо комшија, за адреси дојдов.

Чешел

Оди Влав по улица и среќава пријател исто така Влав, па го прашува:
– Каде бе пријателе?
– Еве одам во продавница. Ми се скрши забец од чешелот, па одам да си купам нов.
– Море комшија, па не мора да купуваш нов чешел само заради еден забец.
– Е морам, тој беше последниот…