Дома / Вицови / Виц на денот (страна 46)

Виц на денот

Најубавата девојка на свет

Си биле момче и девојка. Девојката го прашува момчето:
– Слободен си вечерва?
– Не! Ќе излезам со најубавата девојка на свет.
Девојката:
– Добро.
По пет минути момчето доаѓа во нејзината куќа и ѕвони!Девојката:
– Што бараш тука?
– Па нели ти реков дека ќе излезам со најубавата девојка на свет?!
– Ооо, почестена сум!?
– Добро, а сега оди викни ја сестра ти!

Лоши вести

Директор се враќа од подолг службен пат и секретарката му вели:
– Имам неколку лоши и една добра вест!
– Кажи ги лошите!
– Управата за приходи направи проверка и ја блокира сметката на фирмата. Шоферот ја удри службената кола. Ни пропаднаа две продажби!
– А добрата вест?
– Мили, ќе си имаме дете!

Гревови

Во едно село млад човек оди кај попот:
– Оче, грешев!
– Со која бе синко?
– Не можам да ви го кажам името!
– Со жената на кметот или на докторот? Не, не со тие!
– А со жената на поштарот? И со неа нашите мажи прават грешки!
– Не, и со неа не сум!
– Штом не ми ги кажуваш имињата нема да ти ги простам гревовите! Излегол тој од црквата и веднаш пријателите го заобиколиле:
– Што стана?
– Не ми ги прости гревовите, ама научив адреси на неколку нови „кандидатки”!

Големи гради

Се натпреварувале 3 деца чија мајка има поголеми гради:
– Моја мајка има гради како фудбалска топка.
– Тоа не е ништо. Мојата мајка има гради како две фудбалски топки.
– Јас вчера кога го носев градникот на мајка ми на хемиско чистење ми рекоа дека не примаат падобрани.

Искреност

Цветко отишол на интервју за работа. Работодавачот го прашува:
– Што мислите која е вашата најголема слабост?
– Искреноста.
– Јас не мислам дека тоа е слабост.
– Кур ме боли што мислиш.

Рака

Трпе се заљубил во ќерката на локалниот месар и отишол да ја побара за жена директно кај него.
– Здраво, ја сакам раката на вашата ќерка!
А месарот му одговорил:
– Ја сакаш цела, или да ти ја исецкам за на скара?

Со пријателка

Трпе оди во бањата, се јавува на домашниот телефон, Трпана крева и со шепот и вели:
– Мила, те сакам.
Излегува Трпе од бањата и ја прашува Трпана:
– Драга, со кого разговараше на телефон?
А таа му одговара:
– Со една пријателка.

Лотарија

Трпана си доаѓа дома со нови обетки. Трпе ја прашува:
– Од кај ти се?
– Ги добив на лотарија.
После некое време пак:
– Од кај ти се обетките?
– Ти реков ги добив на лотарија.
После 2 недели, Трпана си доаѓа дома со 2 карти за одмор во Шпанија. Трпе пак ја прашува:
– Од кај ти се картите?
– Ги добив на лотарија.
Во Шпанија Трпе лежи на плажата и и довикува на Трпана која е во водата:
– Трпано, излези од водата, ќе ти настине лотаријата!

Што праиш?

Здраво, шо праиш?
– Еве размислувам за тебе, ми фалиш, те сањам секоја ноќ. Едноставно не можам без тебе!
Ти?
– Еве јадам чипс.

Мајчински совет

Мајката ја советува ќерката:
– И добро запамети, со својот иден сопруг не смееш да бидеш интимна пред бракот, разбра!?
– Да, само не ми е јасно зошто само со него?