Дома / Вицови / Виц на денот (страна 4)

Виц на денот

Развод

Трпана и се жали на Цвета:
– Готово е, не можам да издржам веќе, решив ќе се разведам од Трпе.
– Дали сакаш да ти најдам добар адвокат?
– Е сега е касно, веќе си најдов еден поштар од Ѓорче.

Гравитација

Дошол Ајнштајн во Битола за да држи предавање на студенти за гравитација. На крајот од предавањето прашал:
– Дали има некој прашања?
Трпе од третиот ред кренал рака.
– Ајде ти од третиот ред, како се викаш?
– Трпе.
– Повели Трпе.
– Не мојш бе чоек само така да глеаш на работите…

Пијаница

Се враќа Трпе дома, дрво пијан и Трпана уште од врата почнала да му се дере:
– Пак си пиел, пијаницо една!
– Чекај малку Трпано, колку пати те имам из*бано овој месец?!
– Епа, мислам 10 пати…
– А колку пати, сум се опил?!
– Па едно 5-6 пати.
– Епа кога е така, зошо не ми викаш е*ач, туку пијаница?!

Шега

Трпана го прашува Трпе:
– Трпе што ќе ми купиш за 8-ми Март?
– Ништо.
– Можеш барем да ми кажеш дека сум убава.
– Ааа тоа ќе направам за 1ви Април.

Ручек

Доаѓа Трпе од работа и ја прашува Трпана:
– Што има за ручек?
Трпана праби секси поза и му одговара:
– Еве можеби јас!
Трпе ја погледнува и одговара:
– Па нели знаеш дека не смеам ништо мрсно…

Преведувач

Директорот носи во канцеларија тројца странци, и ја вика секретарката:
– Направи кафе за овие тројца педери!
Еден од нив се јавува:
– Двајца педери! Јас сум само преведувач…

Молење

Трпе се враќа дома камен пијан, а на вратата го чека Трпана со метла во раката.
Трпе паѓа на колената, ги скрстува рацете како за молитва и со тажен глас и вели:
– Молим те немој да одлеташ… последен пат ми е ова, ти ветувам.

Резиме

Трпе на интервју за работа. Директорот го прашува:
– Во резимето ви пишува дека сте женет и имате 5 деца?
– Точно.
– А со рацете знаете ли нешто да правите?!