Дома / Вицови / Виц на денот (страна 30)

Виц на денот

Прекршок

Полицаец запира плавуша за прекршок.
Полицаецот:
– И сега што правиме?
Плавушата:
– 500 денари или да ги соблекувам гаќите?
– Дај 500 денари, зошто гаќите може и да не ми се фатат.

Бесплатен ресторан

Трпе му вика на Цветко:
– Абе што ми кажаа еден ресторан, давале бесплатна храна, бесплатно пиење и на крај и бесплатен секс!!!
– Каде бе?
– Не знам, Трпана вчера била.

Ручек

Се лизга влав од кровот и се задржува со една рака да виси…
– Женоо, женоо!
– Кажии!
– Направи ли ручек?
– Не!
– Не прави, во болница ќе ручаме.

Возачка

Полицаец сопира возач:
– Возачката ве молам!
– Повелете!
– Дали имате пиено, Павле?
– Е од каде сега Павле?
– Па Апостол, така пишува?!
– Абе тоа ми е иконата во возачката.

Пробување

Во лифт заглавиле еден дечко и една малку грда девојка. Девојката го предупредува:
– Ако пробаш нешто ќе почнам да врискам!
– И јас…

Круши

Трпе на пазар:
– Какви круши имате,треба да купам за жена ми ?
– Имам само од овие што ја собираат устата.
– Супер. Дај ми гајба.

Крв

Адвокатот што го застапува Трпе му вели:
– За тебе имам и добра и лоша вест.
– Ајде прво лошата.
– Крвта што ти ја земаа за анализа, одговара со крвта најдена на местото на злосторството.
– Е што е добро тогаш?
– Холестеролот и шеќерот ти се супер.

Развод

Разговараат Трпе и Цветко:
– Морам да се разведам. Жена ми два месеци не ми зборува!
– Треба да размислиш. Ретко се наоѓа таква жена…

Немирен

Наставничката му се јавува на таткото на Трпе:
– Господине, син ви е много немирен.
– Знам, ако беше мирен ќе си го чував јас дома.

Комарец

Трпе и Трпана воделе љубов и одеднаш еден комарец и влегол на жената меѓу нозете. Веднаш отишле на доктор.
– Ништо страшно, рекол докторот. Јас ќе си го намачкам со специјален леплив крем, ќе го ставам еднаш и комарецот ќе се залепи. Така медицината ги решава овие проблеми.
Го ставил еднаш, го извадил и нема ништо. Уште еднаш и пак ништо. Почнал да го става и да го вади. Трпе вознемирено запрашал:
– Еее што правиш?
Докторот:
– Јас можеби нема да го извадам комарецот, ама ќе го смачкам!