Дома / Вицови / Виц на денот (страна 28)

Виц на денот

Инвалид

Седи човек во кафана со пријателите запиени, после некое време решава да си оди накај дома.
Станува и паѓа доле, вика не ги осеќам нозете, пријателите му се смеат.
И така полека до дома, да стане паѓа на земја, да стане паѓа на земја ама се довлечкал некако до дома.
Сабајле жена му:
– Говедо едно пак си пиел вчера во кафана!
– Не бе злато, не сум пиел.
– Е како бе не, ми се јавија од кафаната вчера, пак си ја заборавил инвалидската количка.

Близнаци

– Добар ден…
– Добар ден, извинете, дали сте близнаци?
– Не, зошто прашувате?
– Па, мајка ви исто ве облекла, баш сте слатки!
– Господине, ве молам излезете од автомобилиот и донесете ја возачката и сообраќајната дозвола!

Тоалет

На автобуска во Струмица:
– Се извинувам, каде ви е тоалетот?
– Маледеизлезејодвонкашнатастрана…
– Нема проблем, ќе издржам до Радовиш…

Виски

Цветко се пушта на девојка:
– Девојко сакаш ли малку виски?
– Може, ама малку…
– Да ти ставам два прста?
– Еј, дај прво виски!

Модро око

– Тато, зошто ти е помодрено окото!?
– Ќе ти го помодрам и ја твоето ако девојка ти пак си ги заборави гаќите во мојот автомобил!

Одмор

Трпана: Трпе кај ќе одиме на одмор во лето? Може Дубаи?
Трпе: Каков одмор, Ова лето треба да мислиме како да го вратиме кредитот…
Трпана: Добро бе миличок па и во Дубаи можеме да мислиме…

Флертување

Во кафич:
Жена:
– Како ме гледа, пали цигара, нервозен е. Сигурно многу ме сака.
Маж:
– Да ти ебам Реал, само него не го фатив!!! Види ја козана како зјапнала во мене.

Изневера

Зборат Трпе и Цветко:
– Абе да ти кажам, жена ми ме изневерува со петелот.
– Е како така, од кај знаеш?
– Па ете, кога се вратив дома, гледам во креветот пердуви.
И другиот му вика:
– Леле, абе жена ми мене со камион ме изневерува.
– Е како бе така?
– Епа кога се вратив дома пред некој ден, во кревет го гледам шоферот.

Комшија

– Миличок ми здосади да да имаме секс само по дома. Може ли да пробаме на некое друго место?
– Важи миличка.
– Во лифотот?
– Може ќе го заглавиме помеѓу два ката.
– А во влезот?
– Аааа не! Ќе наиде некој комшија и маани ќе ми наоѓа.

Сервис

Доцна навечер ѕвони мобилниот на Трпе:
– Ало, дали е тоа сопственикот на Ауди сервисот?
– Да, повелете!
– Се јавувам во врска со BMW-то во вашиот салон…
– Господине, ние немаме BMW…
– Епа сега имате, ми откажаа кочниците!