Дома / Вицови / Виц на денот (страна 22)

Виц на денот

Табла јајца

Оди фраер кај господ и му се жали:
– Дедо боже ти не си фер спрема нас мажите.
– Зошто синко?
– Па на земјата има толку многу убави жени, а ти си ни дал по еден к*р и 32 заба.
– И? Кажи што сакаш ти синко?!
– Епа дедо Боже да ми дадеш 32 к*ра и еден заб.Па да се изна**ам жени доле на земјата.
– Штом така сакаш, така нека биде. Рекол Господ и го направил фраерот со 32 ку*а и само еден заб. Тргнал фраерот да си оди, а дедо Господ му вика:
– Каде чедо божје?
– Фала ти многу Дедо боже за оваа добрина, одам долу на земјата да се изнауживам со убави жени.
– Ако чедо божја, ако оди. Ама прво да си ги земеш овие две и пол табли јајца, да не мислеш јас да ти ги носам.

Заби

Медицинската сестра се наведнала над креветот на еден пациент и му става инјекција. Од позади еден друг болен дофрлува:
– Леле, какви здрави заби имате сестро!
– Зошто ми зборувате такви глупости? Како можете да ми ги видите забите, кога јас сум ви свртена со грб? – Вели нервозно медицинската сестра и продолжува со работа.
– Со слаби заби, таков газ не се најадува!

Мотор

Разговараат две плавуши:
– Викаш дечко ти отишол во Англија?
– Да.
– И, што вика, како е, се фали ли?
– Супер му е, пред некој ден си купил нов мотор.
– Со лев или со десен волан?

Близначка

Се среќаваат Трпе и Цветко:
– Ај честито Трпе, слушнав си се оженил!
– Да бе, за близначка!
– Браво, а лесно ли ги разликуваш?
– Па, брат и нема цицки.

Веб страна

– Вашето име господине?
– ве.. ве.. ве.. Ведран.
– Вашето име господине, а не вашата веб страна.
– пе.. пе.. Пелтечам госпоѓо пи.. пи.. пичка ви матер!

Сообраќајка

Полицаец го испрашува Трпе на местото на сообраќајната несреќа:
– Сега сакам да ми објасните како го удривте пешакот на пешачкиот премин?
Возачот:
– Господине полицаец! Воопшто не го удирив. Застанав да му дадам предност, и тој се онесвести од изненадување.

Пијаница

Трпана го буди Трпе ноќеска во 3 саатот и му вика:
– Абе Трпе вчера во фрижидерот оставив 3 шишиња ракија зошто сега има само 1?
– Зашто не сум го видел?

Швалер

Трпе се враќа од работа и ја фаќа жена си со љубовникот.
Баммм! – Низ прозор без да проговори ни збор.
Следниот ден пак ја затекнува Трпана со истиот љубовник, целиот во завои.
Баммм! – Пак го фрла низ прозор без да размисли.
Третиот ден пак ја затекнува жената со истиот љубовник. Целиот искршен тргнува кон мажот:
– Стоп! Кажи што сакаш од мене!
– Како што бе, да не спиеш со жена ми!
– Па така кажи, а не само да ме фрлаш!

Панаѓур

Трпана и пишува на мајка си:
– Драга мамо, ние сме добро. Во неделата бевме во Долно Дупени на панаѓур и кога тргнавме дома наидоа некои мангупи, мене ме силуваа, а твојот мил зет Трпе го претепаа.
По една недела Трпана пак и пишува на мајка си:
– Драга мамо, ние сме добро. Во неделата бевме во Горно Дупени на панаѓур и кога тргнавме дома наидоа некои мангупи, мене ме силуваа, а твојот мил зет Трпе го претепаа.
По една недела Трпана трет пат и пишува на мајка си:
– Драга мамо, ние сме добро. В недела ќе има панаѓур во Подмочани. Јас би одела, ама Трпе се двоуми!

Длабина

Трпе на одмор во Шпанија. Седи на една лежалка покрај базенот и се мисли како да го зеза црнецот којшто се сонча на соседната лежалка.
На крајот се сетил. Станува тој од лежалката го вади и го брцнува во базенот па вика гласно:
– Температурата на базенот е 25 степени.
Црнецот го гледа малку, па станува, го вади, го става во базенот и викнува гласно:
– Длабочина на базенот два метри и 55 сантиметри.

Фабрика

Група посетители ја разгледуваат фабриката во која се произведуваат производи од гума. Водичот со гордост им ја покажува линијата за производство на цуцли, се е беспрекорно, совршено работи. Потоа одат до линијата каде што се произведуваат презервативи.
На крајот од линијата имало некој уред со игла и еден од посетителите приметил дека секој десети презерватив е пробушен од иглата. Зачуден го прашува водичот:
– Па вие изгледа намерно го бушите презервативите?
– Па да, така некако!
– Па тоа не е добро за работата со презервативите?!!
– Па да, но одлично е за работата со цуцлите!!!