Дома / Вицови / Виц на денот (страна 20)

Виц на денот

Иронија

Што е иронија?
-Вечер централниот дневник на Сител да го води Ивона и да и каже на јавноста дека рокот за пријавување на данок истекува на 15 март!

Лозинка

Трпе отишол кај Цветко на гости:
– Ке може да ми го кажеш пасвордот од вифи-то?
– На гости не се седи повеке од пола саат – споено!

Иднина

Оди жена кај гатачка:
– Ке може ли да ми ја претскажеш иднината?
– Не е проблем – рекла гатачката и започнала:
– Те очекува една навистина бурна пролет со многу патувања, многу емоции и многу секс, ама на крај ќе ти падне многу тешко.
– Зошто?!
– Маж ти ќе дознае!

Пролет

Малиот Трпе ја прашува учителката:
– Учителке, од кај знаете дека доѓа пролет?
– Штом панталоните купени лани можам да ги закопчам, поминала зимата Трпе.

Злато

Во 3 часот наутро, некој ѕвони на врата кај Трпе и Трпана. Трпе станува и оди да отвори да види која будала ѕвони во ниедно време:
– Еј, кој сте вие?
– Лопови.
– А, што сакате?
– Сакаме да имате злато!
– А, колку ви треба? Многу?
– 100 кила!
– А, може ли 105?
– Па зошто да не, дајте 105!
– Трпана, злато мое, станувај, дојдоа по тебе.

Тепачка

Се јавува Трпе во пожарна:
– Ало! Се степаа двајца!
– Дечко што да правиме ние? Наша работа е да гасиме пожари, а не да сопираме тепачки!
– Епа едниот е полицаец, а другиот доктор! Кај да се јавам?!

Црн пазар

Трпана и се доверува на Цвета:
– Знаеш што дознав вчера!
– Што?!
– Дека машките тестиси на црниот пазар вредат 4 милиони евра!
– И?
– Вечерта го гледам маж ми како спие и ова мисла не ми дава мир!

Нова кола

Трпе купува автомобил Audi, па Трпана му вика:
– Трпе колата е половина моја, сакам и јас да се научам да возам!
– Точно Трпано, колата е навистина пола твоја, ама заборавиле на твојата страна да стават волан!

Заем

Трпе му вели на Цветко:
– Цветко, дај ми 100 евра на заем, многу ми требаат.
– Добро, ќе ти дадам. Ама прати ја жена ти вечерва да спие кај мене.
Трпе не сакал да ја прати Трпана, ама многу му требале парите, па и рекол на Трпана:
– Вечерва да одиш кај Цветко и добро да се претставиш зошто вети дека ќе ми даде 100 евра.
Оди Трпана вечерта кај Цветко. Ја поминува ноќта и утрото се враќа дома.
– Што се случи Трпано?! Добро ли се претстави? Ќе даде ли 100 евра?
– Абе, Цветко рече дека и 200 си заслужил да ти даде… ама нeмал!

Трпе од Кавадарци

Трпе и Трпана се заминале за Њујорк на гости кај синот. Се качиле во едно такси и возачот ги прашува:
Возач:”Where are you coming from?”
Трпе: “From Macedonia”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: Не праша од каде сме, му кажав дека доаѓаме од Македонија.
Возач: “Which town?”
Трпе: “Kavadarci”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: Прашува од кој град, јас му кажав дека сме од Кавадарци.
Возач: “I had the worst sex in Kavadarci.”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: “Те познавал”

Виц на годината (2018)

Бурек

Си купил Трпе бурек за доручек, загризува, отпива од јогуртчето и забележува дека нешто му мрда меѓу забите. Брка со прстите и вади влакно од устата. Ги засукал ракавите и нервозно оди кај бурекџијата:
– Што ставаш во бурекот?
– Пааа… Брашно, вода, месо, јајца…
– А зошто не ги избричиш?

Камасутра

– Сине, ај дојди тука!
– Да, тато. – Ти книгата „Кама Сутра“ ја фаќаше ли?
– Да.
– А црташе ли нешто внатре?
– Цртав.
– Ајде сега оди и расплети ја мајка ти.

Трговец

Влав, стар трговец, го води својот син за прв пат во продавницата.
Вечерта жена му го прашува:
– И како поминавте денес?
– Добро… ама ќе му треба уште време.
– Не знае ли да рачуна? Со муштериите ли не се однесува убаво?
– Супер се однесува, супер рачуна.
– Тогаш што е проблемот?
– Многу плаче кога враќа кусур.