Дома / Вицови / Виц на денот (страна 2)

Виц на денот

Мекици

Некој џанак се буди сабајле и ја прашува баб си:
– Бабо, ќе ми направиш мекици?!
– Е како да ти направам мекици, кога синоќа цело брашно си го ишмркал!

Караница

Се испокарале Трпе и жена му и таа почнала да го брка од дома:
– Собери си ги парталите и марш надвор! Оди си таму каде што си по цела вечер!
Трпе пакува алишта во еден куфер, ја пали колата, а Трпана му вика од балкон:
– И полека да умираш! Бел ден да не видиш! Од малтретирање по цел ден, да се исушиш.
А Трпе искача од кола и довикува:
– Е сега ме збуни!? Сакаш да си одам или да се вратам?

Лудница

Трпе му се јавува на Цветко:
– Кај си Цетко?
– Во лудница.
– Абе тоа е јасно, ама каде поточно – дома или на работа?!

Триаголник

Некој мангуп застанува со автомобил пред плавуша:
– Да не имате триаголник?
– Не, пред малку го избричив.

Националност

Се шета грчкиот премиер Ципрас низ Лерин, па гледа како си играат дечиња и ги прашува:
– Што сте по националност деца?
Децата во еден глас одговараат.
– Македонци!
Премиерот:
– Па како Македонци кога сте родени во Грција?
Едно од децата:
– Абе чичко, aко лав се роди во свињарник, свиња ли ќе биди?

Пепел

Бабата му вели на зетот:
– Зете кога ќе умрам, не сакам да ме закопувате. Сакам да ме кремирате и пепелта да ја истурите низ дворот.
– Мајкатааа… и кога малку ќе дувне ветер, пак да ни влезеш дома…

Две порции

Во кујната од една психијатриска болница се дели ручекот:
– Јас сум Никола Карев, дајте ми една порција!
– Јас сум Гоце Делчев, дајте ми една порција!
– Мене дајте ми две!
– Зошто тебе две? – зачудено прашала готвачката.
– Јас сум Кирил и Методиј!

Бело

Плавуша му вика на дечкото:
– Сакам еден ден да се видам во бело!
– Па шо не се запишеш на карате?!

Папагал

Цветко му се жали на Трпе:
– Туу, да ти се невиди. Си купив папагал, се погоди женски.
– Како го позна бе?
– Шо не ќе го познам, јас го зедов за да повторува по мене, а тој се расправа со мене!

Слободна птица

Трпе со доаѓа во 4 сабајле и на врата го чека Трпана:
– Кај си бе ти досега! Знаеш ли колку е саатот! На што личи ова?!
– Ќути Трпано да не ти ја акнам една. Јас сум слободна птица и си доаѓам и идам кога сакам!
После една недела, Трпана излегла и се прибира сабајле во 7:00, а Трпе ја чека на врата:
– Мори Трпано, нормална си или не?! Луѓето на работа одат а ти сега се прибираш!
– Ееее Трпе, ти си слободна птица и си одиш кога сакаш. Ама јас не сум слободна птица, па си идам кога ќе ме пуштат.