Дома / Вицови / Виц на денот (страна 19)

Виц на денот

Пушење

Пациент оди кај лекар:
– Докторе толку многу кашлам, дури не можам ни да дишам како што треба…
– Пушиш ли?
– Да!
– Епа откажи ги цигарите!
Во истиот момент докторот пали цигара и почнува да пуши.
– Ама докторе и вие пушите!
– Пушам ама не одам да досадувам по лекари!

Слобода

Судијата го прашува обвинетиот:
– Зошто избега од затвор?
– Сакав да се оженам.
– Многу чудна претстава за слободата имаш момче!

Деца

Цветко го прашува Трпе:
– Трпе колку деца имаш?
– Два сина и третиот е на пат.
– Од кај си сигурен дека и третиот е син?
– Па како да не бидам, кога вчера тргна на пат до Германија…

Што ако

Во Охрид, сред туристичка сезона:
– Ајде повелите да се повозите со кајче.
– Не фала, од Охрид сне.
– Ам шо аку, оние од кочани ориз не јадет?

Човекојадци

Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели:
– Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов!
Вториот:
– А јас пак изедов еден Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади!
Третиот:
– Е јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: Македонски политичар. Почнуваш од главата, а таму место мозок, путер! Доаѓаш до кичмата, нема коски! А дури кога ќе дојдеш до задникот – внатре наоѓаш уште петмина!

Помисла

Трпана и врти на Цвета по телефон:
– Цвето, да не е маж ми кај тебе?!
– Не, зошто?
– Слушнав почнал да оди по курви, па си помислив да не е кај тебе.

Доказ

Во јавното обвинителство испрашуваат инспектор од УЈП:
– Како со платата на обичен инспектор изградивте ваква луксузна вила?
– Фатив златна рипка и таа ми исполни една желба.
– Како ќе докажете?
– Па не ли ја гледате вилата?

Гаќи

Трпе се облака сабајле и се врти на Трпана и радосен и кажува:
– Жено види колкав ми е! Не ми го збира во гаќи.
– Добро бе Трпе… колку пати ти кажав да не ми ги облакаш моите!

Локум

Се возат во воз Влав и Црнец. Црнецот извадил ананаси и портокали да јаде, Влавот го гледа и го прашува:
– Што ти е тоа?
– Јужно овошје. Сакаш да пробаш?
Му изел Влавот два ананаса и три портокали
По некое време тој вади локум и Црнецот му вика:
– Што ти е тоа?
– Локум.
– Дај да пробам.
– Што ќе пробаш, локум ко локум.

Незадоволена

Трпе оди на доктор цел избезумен и му вели:
– Докторе, не можам да ја задоволам жена си. Таа сака по десет пати на ден…
– Штооо?!
– Пари, докторе, пари!

Овци

Трпе отишол на службен пат, па и се јавува на Трпана да и каже како си поминува:
– Секоја ноќ те мислам.
– Аии што така?
– Бројам овци пред спиење.