Дома / Вицови / Виц на денот (страна 12)

Виц на денот

Верност

Цветко и вика на жена си:
– Жено, морам да ти се исповедам нешто…
– Што си направил сега?!
– Кога имаме секс цело време мислам на Трпана.
– Ѓубре едно! Јас со кој и да имам секс, само на тебе мислам.

Бар

Еден човек влегува во супер High-Tech бар и гледа дека зад шанкот стои робот, наместо шанкер. Човекот оди до барот, а роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– 150.
Роботот веднаш го послужува со 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, влијанието на околината, квантната механика, нанотехнологијата и др.
Човекот е многу импресиониран од вечерта и затоа другата вечер решава да го тестира роботот.
Кога роботот го прашува за неговото IQ, тој вели 80. Веднаш роботот му служи пиво и му зборува за фудбал, омилени јадења, жени и сл.
Уште повеќе заинтригиран, човекот повторно се враќа следната вечер. Роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– Паа? околу 15.
Тогаш роботот му сервира еден голем чоколаден сладолед и го прашува:
– И, брат, што велиш, пак за СДСМ или ВМРО ќе гласаме, а?

Виц на годината (2019)

Тајна

Цветко го прашува Трпе:
– Комшија не знам како ти успева.
– Што?
– Цел ден се расправаш со жена ти, а ноќе имате бурен секс. Која ти е тајната?
– Па, таа ми е ноќната сопруга.

Работа

Трпе го прашува Цветко:
– Како доаѓаш на работа?
– Со тешки маки.
– Не мислев на тоа, туку како стигнуваш?
– Во депресија…

Занимање

На попис ја прашуваат Трпана:
– Што работите, госпоѓо?
– Јас сум комшивка.
– Каква професија е тоа, што прави комшивката?
– Па мрази, завидува, колне, се жали…

Вага

Застанува Трпе да се измери на вага и го вовлекува стомакот.
– Тоа нема да ти помогне – му вели Трпана.
– Помага, помага. Инаку не можам да ги видам бројките.

Ехо

Планинареле Македонец, Американец и Кинез се качиле на некој врв и нашиов прв почнал да вика:
– Теее саакааам!!!
И низ планината одекнало
– Тее саакааам, тее саакааам…
Американецот извикнал:
– I loove yoouuu!!!
А ехото одговорило:
– I loove yoouuu, I loove yoouuu…
Кинезот извикал:
– 我愛你!!!
А ехото:
— Кааакоооооо?!

Домашна

Наставничката во школо го прашува малиот Трпе:
– Трпе зошто немаш домашна?!
– Не сме ја свариле уште наставничке! Викендов ќе биде готова, колку литри сакате?

Живот

Трпе и раскажува на жена си:
– Жено, си мислам, како се тркалаат годините… Имаме куќа, вила, две коли и две деца.
А се сеќаваш ли на времето – живеевме под кирија, возевме велосипеди и постојано немавме пари.
Ама, од друга страна пак, секоја вечер си легнував со дваесетгодишна…
– Легни си ти пак со некоја двадесетгодишна и ќе видиш како ќе ти се вратат и точакот и киријата и беспарицата!

Претплата

Цветко на шалтер:
– Добар ден. Сакам да се претплатам за една година.
– Господине ова е винарија, фитнесот е на горниот спрат…
– Знам, знам.