Дома / Вицови / Си биле… (страна 4)

Си биле…

Поп и Оџа

Изградил попот црква, а неговиот прв комшија оџа – изградил џамија. Попот подигнал камбанарија, оџата изградил минаре. Попот купил БМВ, и оџата купил БМВ. Еден ден зел попот вода и тргнал да го мие автомобилот. Додека миел, го гледа оџата како со моторна пила го сече ауспухот на БМВ-то.
– Што правиш бе пријателе, му вика попот на оџата.
– Па, ако можеш ти твојот да го крштеваш, можам и јас сунет да го сторам!

Пекол

Математичар, Физолоф и Мујо починале и се пред портата на рајот и тогаш пред нив се појави Луцифер, ѓаволот и рече:
– Рајот е полн и сите ке ми зададете по една работа и по едно прашање, по ваш избор.
Прв математичарот рече:
– Дај ми книга од сите броеви.
И веднаш пред него се покажа книга со сите броеви и тогаш математичарот праша:
– Дали има крај на книгава?
– Нема. Таа секогаш, во секој миг добива по илјада страници.
И така математичарот отиде во пеколот. Потоа Филозофот:
– Дај ми книга со сите науки и дали имаат крај?
Пред него се создаде книга со крај. И така физолофот отиде во пеколот. На ред дојде Мујо и рече:
– Дај ми стол со девет дупки.
Пред него се создаде токму тоа. Потоа Мујо седна и прдна и на крај праша:
– Низ која дупка излезе прдешката?
– Десна страна, нагоре.
– Е не, низ дупката на задникот.

Место

Јапонец и Босанец разговараат за своите животни приоритети. Јапонецот вика:
– Мене на прво место ми е Јапонија, на второ семејството а на трето место традицијата.
Босанецот враќа:
– Кај мене е малку поинаку. На прво место ми е семејството, на второ традицијата а Јапонија ми е тек на трето.

Пороци

Хомосексуалец, пушач и алкохоличар решиле да се откажат од своите пороци. Тројцата другари отишле кај еден вештерка и таа им кажала дека ако пак се вратат на своите пороци ќе умрат. По 1 месец алкохоличарот не можел да издржи и пробал алкохол, и веднаш умрел. Месец потоа хомосексуалецот и пушачот оделе по улица и здогледале една цигара. Тогаш хомосексуалецот му рекол на пушачот:
– Ако се наведнеш да ја земеш цигарата, и двајцата ќе умреме.

Дебили

Си биле Македонец, Турчин и Грк и се натпреварувале кој е поголем дебил и кажувале по некоја глупост.
Гркот рекол:
– Јас кога бев во Дубаи седев покрај една фонтана на клупа, фонтаната во тој миг не работеше, а мене по некое време ми се примоча и се помочав в гаќи и наеднаш фонтаната почна да прска на секаде.
Турчинот рекол:
– Кога шетав на плоштад видов една жена на која стомакот и беше подујен. Јас и реков: Тето што ти е тука? Таа ми вели: Бебе тета, бебе. Јас велам: Бебе?! Ами што си го пикнала тука!
Македонецот рекол:
– Поголеми дебили од овие двајца… ЗДРАВЈЕ!!

Жмурка

Аристотел, Паскал и Њутн играле криенка. Прв кој мижел бил Аристотел. Додека броел, Паскал се скрил, а Њутн на земјата нацртал квадрат од 1х1 метар и застанал на него. Аристотел завршил со броењето, се свртел и го видел Њутн:
– Пу Њутн!
А Њутн одговара:
– Изгоре лончето, претече млекото, …Њутн на квадрат е Паскал.

Поклон

Во еден бар седат заедно еден богат и еден сиромав.
Сиромавиот го прашува богатиот:
– Што и купи на жена ти за роденден?
– Мерцедес и 24 – каратен дијамантски прстен – одговара богатиот.
– Зошто си и купил две работи?!
– Па, ако не и се свиѓа прстенот, ќе се качи во мерцедесот и ќе оди да го врати.
Кратко време потоа ништо не зборуваат. Потоа богатиот прашува:
-А ти што и купи на жена ти?
– Јас и купив фикус, влечки и вибратор.
Богатиот се збунува малку, незгодно му е, но сепак прашува:
– Зошто си и купил три работи?
– Па ако не и се допаѓа фикусот може да си ги облече влечките и да оди да се ебе!

Интервју

Математичар, сметководител и економист се пријавуваат за исто работно место. Менаџерот го повикува прв математичарот и го прашува:
– Колку се два плус два?
– Четири.
Менаџерот пак прашува:
– Четири, точно?
Математичарот го погледнува менаџерот зачудено и вика:
– Да, четири, точно.
Менаџерот после него го повикува сметководителот и го прашува истото прашање:
– Колку се два плус два?
Сметководителот одговара:
– Во просек, четири – додај одземи 10 проценти, но во просек четири.
И на крајот менаџерот го повикува економистот и го прашува истото прашање:
– Колку се два плус два?
Економистот станува, ја заклучува вратата, ги спушта ролетните, седнува до менаџерот и му вика:
– Колку ти би сакал да бидат?

Слух

Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша.
Почнал Супермен и вика:
– Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба и што да видам пајакот пајажина плете.
На тоа Брус Ли му враќа и вика:
– Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци испушта. И станав да видам што е работата. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала ‘рѓа да фаќа.
И на крај Чак Норис вика:
– Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои мистериозни звуци и станав да проверам што е. Одам во една соба ништо, одам во друга соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отварам шифоњер и што да видам капутот од мода ми излага.

Шноли

Си биле две девојчиња и се фалеле чија баба е поубава. Првото рекло:
– Баба кога ќе се насмее, како сонце блеска.
Второто рекло:
– Баба има најубава коса и на неа има како сиви шнолки.
Се уфрлило трето девојче:
– Мори глупачо, тоа не се шноли тоа се вошки!