Дома / Вицови / Си биле... / Интервју

Интервју

Математичар, сметководител и економист се пријавуваат за исто работно место. Менаџерот го повикува прв математичарот и го прашува:
– Колку се два плус два?
– Четири.
Менаџерот пак прашува:
– Четири, точно?
Математичарот го погледнува менаџерот зачудено и вика:
– Да, четири, точно.
Менаџерот после него го повикува сметководителот и го прашува истото прашање:
– Колку се два плус два?
Сметководителот одговара:
– Во просек, четири – додај одземи 10 проценти, но во просек четири.
И на крајот менаџерот го повикува економистот и го прашува истото прашање:
– Колку се два плус два?
Економистот станува, ја заклучува вратата, ги спушта ролетните, седнува до менаџерот и му вика:
– Колку ти би сакал да бидат?

Обиди се со

Страшен пајак

Си биле Брус Ли, Чак Норис и Драган Вучиќ се натпреваруваат кој ќе го избрка …