Дома / Вицови / Си биле…

Си биле…

Бомба

Си биле Американец,Албанец и Македонец во авион. Американецот земал маса и ја фрлил. Кога слетале,виделе дете како плаче:
– Зошо плачеш?
– Кога мајка ми се враќаше од работа,ја удри маса што падна од горе!
Тројцата се вратиле во авионот и продолжиле. Овој пат Албанецот фрлил фрижидер и повторно едно дете плачело:
– Зошто сеа ти плачеш?
– Кога татко ми се враќаше од утакмица,го удри фрижидер!
Тројцата повторно се вратиле во авионот и продолжиле. Македонецот земал бобма и ја фрлил. Сега некое дете се смеело…
– Зошто се смееш!?
– Зошто само прднав,и цела зграда се урна!

Течно

Преживеале Американец, Русин и Македонец бродолом. Заглавиле на некој пуст остров и немале што да јадат. Американецот прв рекол:
– Еве, јас ќе се жртвувам прв за да преживееме, исечете ми ја ногата.
Му ја отсекле ногата, ја испекле и јаделе сите.
По неколку дена, Русинот се понудил втор и ја дал раката.
Му ја отсекле, ја испекле и пак јаделе сите.
Поминале уште неколку денови и му доаѓа редот на Мекедонецот, а он почнува да дрка.
Го гледаат другите и го прашуваат:
– Што ти е ненормален, што правиш?
– А доста беше скара, да преминеме на нешто течно.

Ѓаволот и тројцата луѓе

Си биле Математичар,Техничар и Цветко.
Умреле и Ѓаволот им рекол.
– Слушајте сега, вие сега на мене ќе ми побарате нешто што и да е, и ако јас тоа нешто ви го дадам ќе дојдете со мене во пеколот, а ако не ќе одите во рајот.
Прв бил Техничарот.
– Дај ми книга со сите технологии и да нема крај. Ѓаволот му дадол и го однесол во пеколот.
Потоа вил математичарот.
– Дај ми книга со сите броеви на светот и да нема крај.
Ѓаволот исто така му дадол и го однесол во пеколот.
На ред бил Мујо.
– Дај ми столче со 9 дупки. Ѓаволот му дадол, Цветко седнал и прднал.
– Од која дупка излезе? – Од левата горе.
– Не, од дупката на мојот газ.

Единици

Си биле Македонче, Ромче, Албанче и Турче и добиле единици по македонски јазик. Наредниот ден ги носат тетратките со оценките кај татковците.
Македонецот му вели на детето:
– Ништо сине, ништо. Ти учи си англиски!
Турчинот пак му вика на детето:
– Ништо, во Турција нема да ни треба македонскиот јазик.
Албанецот:
– Ништо, уште малку Македонија ќе стане двојазична земја, ти учи си албански и германски.
А Ромот почнал да го брка малото ромче со клоци:
– Нозете ќе ти ги скршам! Македонците ќе се иселат во Италија, Албанците во Германија, Турците во Турција – само ние ќе останеме во оваа држава, а ти единица ми носиш по македонски!

Инает

Си биле тројца пријатели си седат во кафаната, си пијат ракија и се расправаат.
Првиот вели:
– Јас сум таков инает што жената кога ќе ме налути по еден месец не и зборувам.
Вториот вели:
– А јас сум толку инает што кога ќе ме налути по три месеци не и зборувам.
Третиот:
– Јас сум таков инает што жената ме налути уште на првата брачна ноќ и уште не сум ја е… до сега, веќе 15 години!
Другите двајца:
– Доста бе, 2 деца имаш!
– За инает не ја прашувам од кого се.

Инженери

Во еден бар биле тројца инженери, едниот Македонец, другиот Германец и третиот Американец. Приоѓа Македонецот и им вика:
– Добар ден, што ќе се напиете!?

Виц на годината (2014)

Умрени

Си биле пушач, пијаница и наркоман и умреле и отишле на другиот свет. Пушачот почнал да раскажува:
– Леле другари, умрев во страшни маки! Белите дробиви ми беа каша!
Пијаницата рекол:
– И јас умрев во маки! Црниот дроб ми беше за никаде.
А наркоманот се фатил за главата и рекол:
– Лелееее, јака дрога. Веќе и со умрени почнав да разговарам!

План

Си биле инженер, хемичар и економист се заглавени на пуст остров. Почнуваат да смислуваат план како да се спасат.
Инженерот: Може да исечеме гранки, да направиме сплав и некако да испловиме.
Хемичарот: Со добри материјали може да направиме голем оган и да сигнализираме на некој авион.
Економистот: Да речеме дека имаме брод..

Три пива

Си биле 3-ца браќа Србин, Американец и Шпанец. И биле договорени сите во ист час да испијат по 3 пива. Влегува Србинов во кафана и му вика на келнерот:
– Дај ми 3 пива.
Овој му дава. И така со ред. По 10 дена келнеров му вика:
– Зошто секогаш пиеш по 3 пива?
Овој му вика:
– Па јас имам 3-ца браќа што се по странство и сме договорени секој ден да пиеме по три пива во ист час.
По 20 дена влегува во кафаната и порачува 2 пива. Келнеров зачуден му вика:
– Да не умре некој од браќата па што порачуваш две пива?
– Ма не, јас престанав да пијам.

Најстарата работа

Си биле хирург, архитект и политичар и разговараат за тоа кој е најстар занает на светот. Хирургот вели:
– Бог од Адамовото ребро ја направил Ева. Значи тој бил првиот хирург и бил многу добар.
На тоа архитектот вели:
– Чекај, Бог ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на почетокот, прво било хаос па настанал ред. Кој би можел да направи ред освен архитектите?
Го прекинува политичарот:
– Добро луѓе, а што мислите, кој го направи хаосот?