Дома / Вицови / Разно / Запознавање

Запознавање

Богат човек се запознал со убава жена и веднаш сфатил дека сака да се ожени со неа. На втората средба и понудил брак.
– Но, ние не знаеме ништо еден за друг – му рекла таа.
– Не е важно. Постепено ќе научиме сè еден за друг. Токму тоа е интересно.
Жената се согласила и се венчале. По свадбата заминале на скап меден месец во најубавиот хотел на Маурициус. Првото утро отишле во хотелскиот базен. Мажот се качил на скокалницата, направил комплицирано двојно салто и скокнал во водата. Кога испливал, и рекол на невестата:
– Фасцинантно, нели? Гледаш, јас сум олимписки шампион во скокови во вода. Ти реков дека ќе биде забавно да се запознаваме постепено.
Потоа жената скокнала во водата и испливала дваесет и пет должини, без да покаже ни минимални знаци на замор. Кога излегла од базенот, тој бил шокиран:
– Леле! Беше фантастично! Ти да не си олимписка шампионка во воден маратон?
– Не – одговорила таа. – Бев курва во Венеција и работев на двата брега на каналот. Навистина, интересно е да се запознаваме постепено…

Обиди се со

Кондоми

И кондомите не се безбедни… Еден другар носеше, па го удри кола!!!