Дома / Вицови / Разно / Шверцер

Шверцер

Еден човек на велосипед постојано ја преминувал границата со поголема вреќа на багажникот. Цариниците редовно ја прегледувале вреќата, но никогаш ништо не наоѓале во нејзе освен обичен песок.
– Па добро, сигурно не шверцувате песок? – нервозно го прашал цариникот кој секогаш се фаќал за вреќата.
– Не – одговорил мирно патникот.
– Ви давам чесен збор – инсистирал цариникот – дека ништо нема да Ви се случи ако ми признаете што шверцувате преку граница.
– Штом е така, тогаш ќе Ви кажам: пренесувам велосипеди.

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …