Дома / Вицови / Разно / Шумуликовски – Меси

Шумуликовски – Меси

Споредба Шумуликовски – Меси:
1. Шумуликоски никогаш нема промашено пенал, Меси има.
2. Шумуликоски има 80 настапи за Македонија, Меси нема.
3. Шумуликоски има постигнато 1 гол за Македонија, Меси нема.
4. Шумуликоски е Македонец, Меси не е.
5. Шумуликоски носи поголем број на копачки од Меси.
6. Шумуликоски не шутира на гол зошто не сака да ги повредува чувствата на голманите, Меси постојано дава голови што го прави тотално некоректен играч.
7. Шумуликоски има играно за повеќе тимови, што го прави поприлагодлив на повеќе стилови на фудбал за разлика од Меси.
8. Шумуликоски има подобра фризура од Меси.
9. Меси беше најслаб против Челзи во полуфиналето во ЛШ, Шумуликоски не.
10. Шумуликоски никогаш нема изиграно слаб натпревар во Ла Лига, Меси има.
11. Шумуликоски може да игра без Чави и Иниеста.
12. Шумуликоски менува клубови затоа што сака сите да осетат дел од неговата игра, а Меси не мрдна од Барселона.
13. Шумуликоски има изиграно повеќе квалификациски натпревари за Европско од Меси.
14. Првото име на Шумуликоски е Величе, што е далеку по кул од Лионел.
15. Шумуликоски може да игра и стопер, Меси не може.
16. Меси заработува повеќе од Шумуликоски, што го прави алчен.

Обиди се со

Дијагноза

Во македонска болница има две дијагнози: – Ништо не ти е! – Што си чекал …