Дома / Вицови / Виц на денот / Папата шофер

Папата шофер

Доаѓа папата во Македонија и на аеродром го дочекува лимузина со шофер. Но Папата му шепнал на шоферот:
– Слушај пријателе, во Ватикан не ми даваат да возам, а јас баш би сакал да седнам позади воланот, па ако не е проблем, би сакал да ги замениме местата за да повозам малку.
Се префрлил папата на возачко седиште стиснал на гаста и 200 на саат шиба. Арно ама за кратко време ги сопира полиција.
Отвара Папата прозорецот и полицаецот се здрвил и веднаш истрчал до полициското возило до радио станицата:
– Прием шефе, застанав еден што возеше преку 200, но не знам што да правам!
– Е како не знаеш ОДЕРИ ГО!
– Ама не оди така шефе фаца е човекот!
– Да не е градоначалникот?
– Не повисоко е!
– Да не е министерот?
– Не не уште повисоко!
– Да не е премиерот?
– НЕ шефе не е!
– Па веројатно не е претседателот…
– Шефе јас мислам дека тоа е Господ лично!
– Дај бре не трескај глупости како може Господ?!
– Па добро бе шефе на кој друг Папата би му бил шофер?!

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …