Се враќа Трпе од работа и ја гледа Трпана врзана за стол со селотејп залепен на устата. Бpry ја ослободил и ја прашува:
– Крадци ли беа?
– Не. Молерите. Им здосадило да им кажувам што да прават.
Покачување
Секретарката влегува кај шефот и вели:
– Од овој момент платата ќе ми биде 1000 евра и ќе имам 4 слободни денови во неделата…
Шефот со сарказам:
– А кој ти го рече тоа мила?
– Мојот гинеколог, а адвокатот ми потврди!
Влашки студ
– Што прават Власите кога им е ладно?
– Седат околу свеќа.
– А кога им е многу ладно?
– Ја палат свеќата.
Скопјанци
Во Скопје правеле анкета:
“Зошто ви сметаат луѓето од другите градови?“, 68,9 % одговориле:
– А на кого му сметаме.
Куќа
Се враќа синот касно од излегување, а мајка му и татко му почнуваат да му викаат:
– Каде си ти досега? Колку е часот? Имаш ли ти куќа?
А синот им одговара:
– Немам, чекам да ми ја препишетe.
Македонски спорт
Спортски дисциплини во Македонија:
– подигање кредити,
– прескокнување рати,
– пливање во долгови,
– трчање по жиранти.
Диплома
– Трпе, што ќе биде твојот син кога ќе дипломира?
– Педесетгодишник!
Пензионерски муабети
Двајца пензионери на клупа, седат и разговараат:
– Кога имав 25 години, ќе ми се дигнеше и не можев да го свиткам ниту со две раце.
– Кога наполнив 50, ако се потрудев, можев да го свиткам за едно 10 степени.
– Кога наполнив 60, можев без проблем да го свиткам околу 20 степени.
– Следната недела ќе полнам 70 и можам да го свиткам до пола со една рака.
– Аха, а што е поентата на муабетов? – прашува другиот пензионер.
– Па, се чудам колку силен станувам како сè повеќе стареам…
Муза
Трпе и вика на Трпана:
– Злато ти си мојата муза.
– Леле фала за комплиментот.
– Ме измузе до последниот денар!
Прашина
Цветко го прашува Трпе:
– Кој те истепа така бе?
– Жена ми
– А зошто?
– Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашина.