Дома / Вицови / Разно (страна 138)

Разно

Селење

– Ај честито комшија, гледам мењаш тапети.
– Не бе, се селам.

Чудна работа

– Докторе со мажот ми се случува нешто страшно. Кога ќе го испие кафето ја јаде шолјата.
– А целата ја јаде?
– Не ја фрла дршката.
– Тууу, највкусното!

Виагра

Влегува некој дедо во аптека и бара четврт апче вијагра.
– Добро бе стари, знам дека пензијата ти е мала, ама за твои години ти требаат барем 2 апчиња.
– А бре сестро, ми треба толку, колку да не си ги мочам кондурите.

Ловџии

Двајца ловџии се во шума и едниот колабирал. На другиот му изгледало како да не диши, а очите му биле зјапнати, затоа преку мобилен испаничено повикува прва помош:
– Ало, мојот пријател е мртов! Што да правам?
Операторот од другата страна со смирен глас му вели:
– Не паничете, најпрвин мора да се увериме дека навистина е мртов…
Од другата страна се слуша истрел, а човекот вели:
– Добро, мртов е, што сега?

Исповед

Исповед на едно детенце:
– Сакам да умрам спокојно во сон како дедо ми, а не врискајќи од страв како патниците во неговиот автобус.

Совети

Мајката го советува синот:
– Сине ти си голем, веќе ќе мора да си најдеш девојче за жена, денес жените се бог да чува, ич не се домакинки, за да дознаеш која е домакинка ќе ги соблечеш гаките и ќе ја прашаш што е ова ако знае батали ја, ако не знае донеси ја дома да ја запознаеме.
И така синот фаќа една женска, ги соблекува гаките и ја прашува што е ова, а она му вика кур, ништо, ја откачува, фаќа друга и пак исто му одговара.. и така неколку пати фаќа уште една и ја прашува што е ова, она гледа гледа гледа и дига раменици, не знае.
– Еее супер, сега те носам дома кај моите да те запознаам, ти си вистинска домакинка.
И ја носи така до дома и вика, знаеш, тоа што го виде беше кур, а женската зачудено го гледа и му вика:
– Тоа кур??? Ха ха ха!!!

Внуци

Две баби си праат муабет за внуците. Првата вика:
– Леле оној мој внук ќе ме умре. Пропалица невидена, тежок криминалец. Ништо не учи, по цел ден или е на интернет или девојки брка или со тоа ролерите вози негде.
А вторава вика:
– Е мојот внук по цел ден седи дома, слабо излегува, нон-стоп учи. Или доктор или пилот ќе стане.
Првата баба ќе пукнела од мака, па вели:
– Е како тоа или доктор или пилот, кога нема ништо слично во тие професии?
– Па знаеш стално кога ќе влезам во соба, го гледам он со шприцовите и иглите и ми вика, бабо ќе летамеее!

Хевиметалци

Брачен пар, ептен хевиметалци им се раѓаат близнаци. И сега сакаат да дознаат дали децата ќе им бидат исто така хевиметалци. Посетуваат гатачки и бајачки и они им викаат дека еден од синовите ќе им биде народњак, а еден хевиметалец, ама кој точно не знаат.
И што да прават сега за да дознаат кој од децата ќе им биде металец, земаат една гитара и ја ставаат во ќош и ги пуштаат децата кој ке стигне прв до гитарата тој е металец. И ги пуштаат и едниот шпринт кон гитарата другиот мрзливо оди, го утепуват тој другиот мрзливиот, а овој што стигнал кај гитарата ја зима и почнува да пее:
– Убили стееее погрешнок човекааааа….

Туристички водич

Туристички водич им се обраќа на патниците во комбето.
– Е па господо, комбито вози само до тука, понатаму можат само коњи и магариња, па најљубезно би ве замолил да продолжите пеш!

Старечки дом

Остарела некоја жена, па децата една вечер ја однеле во старачки дом, за подобро да се грижат за неа. Утрото, две сестри ја станале старата, ја избањале, ја облекле, ја најале и ја седнале на столица на терасата со поглед на прекрасна цветна градина. Поминало некое време, старицата почнала да се наведнува на едната страна. Го забележале тоа сестрите, притрчале и одма ја исправиле. Поминале уште пет минути, ете ја пак старата пак се наведнува сега на другата страна. Пак притрчале сестрите и ја исправиле. Така си правеле они некое време додека не дошле децата на жената. Ја прашуваат тие:
– Како си мамо, се грижат ли за тебе добро, ти се бендисува ли?
– Абе добро е све, супер е, само од сабајле не ми даваат да прднам!