Дома / Вицови / Разно (страна 120)

Разно

Кинез

Се враќа Кинез од Македонија дома целиот збумбарен, а комшијата го прашува:
– Што е ова бе, кој те тепаше?
– Абе едни Македонци ме начекаа.
– А, колку ги има?
– Па што знам, околу 2 милиони.
– Собирај ги другарите од маало, па да и одиме!

Јуда

Закаснил Исус на тајната вечера, гледа журка ненормална, голи жени играат по маси…
– А бе, што е работава?
– Јуда направил добар бизнис, па части.

Перо вентилаторот

Пред умирање мажот очајно ја моли жена си.
-Кажи ми колку пати си ме изневерила со друг.
-Ниеднаш мажу!
-Биди искрена,ќе се превртувам во гроб,ако ме лажеш.
-Ама стварно ти викам!
Умрел мажот,а по некое време умрела и жената!
Некаде во рајот:
-А бе да не сте го виделе некаде мажот ми Перо,црн,висок,убав..
-Ааааа,па вие го барате Перо вентилаторот!!!

Нервирање

Мало девојче забележувајќи неколку бели влакна во смеѓата коса од мајка си, прашала:
– Мамо, зошто имаш бели влакна на главата?
– Секогаш кога ќе направиш некоја беља или ќе ме изнервираш, по едно влакно од косата ми станува бело – одговорила мајката.
Девојчето размислило малку па повторно прашало:
– А зошто тогаш на баба целата коса и е бела?

Побивање на закони

Женските нозе ги побиваат сите закони на физиката. Се шират и собираат без разлика на температурата.

Меѓу нас?

Си седат госпоѓа и господин во воз! Госпоѓата ненадејно прднала и се вцрвенила.
– Извинете господине, ќе ве молам ова да остане меѓу нас!
– Меѓу нас!!! Море отворај прозор!!!

Пениси

Два пениса гледаат порно.
И едниот му вика на другиот:
– Ај додека си станат донеси ми вода!

Во црква

Влегува наркоман во црква и му вели на попот.
Чао нинџа, станчево ти е супер ама овоа постериве ти се малку излижани.

Не сум будала

Запира полицаец маж и жена за брзо возење, па го прашува мажот:
– Ти бе, пијан возиш, а?
– Добро де, се напив малце.
– Жена ти нема возачка?
– Има.
– Па, што не и дадеш нејзе да вози?
– Абе, ја ако сум пијан, не сум будала.

Ребрање

Двајца другари се испијаниле во кафич и почнале да се зафркаваат меѓу себе. Едниот ја пружа раката и го погалува другиот по ќелавата глава, па коментира:
– Абе тебе главата ти е ко газот на жена ми.
Се фаќа и ќелавиот по глава, па додава:
– Види стварно!