Дома / Вицови / Разно (страна 10)

Разно

Бегалци

Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:
– Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
– Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
– Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот Фидел.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
– Види, види што се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци.

Коски

Разговараат двајцата тренери за време на натпревар:
– Види го Трпе колку е добар играч! Минатата сезона скрши четири коски.
– Машала, брзо му заздравеле коските.
– Ма не, не ги скрши неговите коски!

Проодување

– Син ми прооди!
– Ама нели има 20 години?!
– Има, ама 3 дена беше пијан едвај стоеше.

Вид

Доаѓа Трпе на доктор и му се жали:
– Докторе гледам дупло…
– Во ред, седнете на столот.
– На левиот или на десниот?

Повреда

Оди Трпе на доктор со повредена рака.
– Докторе, ја повредив раката, што треба да правам?
– А, ништо оваа мора да се отсече.
Трпе избегал од ординацијата и отишол кај друг доктор да се пожали.
– Докторе, ја повредив раката, отидов кај еден ваш колега и тој сакаше да ми ја отсече!
– Како ќе ја отсече?! Еве испиј ги овие апчиња и по недела дена сама ќе падне.

Свирки

Малиот Трпе го прашува татко си:
– Тато, тато зошто оние автомобили свират толку?!
– Одат на свадба сине.
– Ама нели свирките на автомобилите се за да предупредат од некаква опасност?
– Е да, де!

Бензинска

Еден педер на бензиска си го пикнал цревото во г’з.
Излегол пумпаџијата и се запрепастил:
– Ало, човече тоа e ДИЗЕЛ!
А педерот му одговорил:
– Мене ми e СУПЕР!

Молење

После првата брачна ноќ, Трпана му кажува на Трпе:
– Знаеш Трпе, пред тебе многу други ме молеа да се омажам.
– Кој те молел бе? – бесно прашува Трпе
– Па мајка ми, татко ми, браќата…

Реклама

Стои жена пред зградата и вика по мажот:
– Швалериште! Пола жени во градот ги легна!
Поминува крај неа друга жена и ја прашува:
– Ти него го караш или го рекламираш?

Развод

Трпана разговара со другарка си:
– Слушнав дека си се развела, вистина?
– Да, но пак му се вратив по 3 месеци.
– Зошто!?
– Не можев да го гледам како ужива сам.