Дома / Вицови / Виц на денот / Дегустатор

Дегустатор

Умрел дегустаторот на позната фирма, производител на вино, и бил објавен оглас за вработување на нов дегустатор. За тоа работно место се пријавил некој тежок пијандура. Директорот на фирмата долго размислувал како да го откачи. Му дале чаша вино на пијаницата, да го оценат колкаво е неговото познавање.
– Мушкат, три години старо, стоено во челична бочва. Низок квалитет, но прифатлив. – ко од пушка одговорил типот.
– Точно, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!”
– Каберне, 8 години старо, храстова бочва, ферментира на 8 степени целзиусови. За три години ферментација ќе ги покаже најдобрите резултати!”
– Точно!
И третата чаша бргу му ја дале.
– Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен! – ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед, а тогаш му текнало како да се откачи од него. И’ намигнал на секретарката и нешто и’ шепнал, па она излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина. Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– Плавуша, 26 години. Три месеци трудна и ако не ме вработите, ќе кажам кој е таткото!

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …