Дома / Вицови / Разно

Разно

Рогови

Се враќа мажот од службен пат и носи голем поклон за сопругата.
Во рацете го држи поклонот и не може да притисне на ѕвончето на влезната врата.
Се мачи да го докачи, се мачи… Поминува комшијата крај него и му вели:
– Со роговите комшија. Со роговите!

Возач

Се шетаат дечко и девојка.
До нив запира BMW X6, девојката ја повлекува раката и тргнува кон колата.
– Мила, каде тргна?
– Кај него, тој е богат!
Човекот од колата се јавил:
– Не доаѓам за Вас, девојко, туку за него. Јас сум неговиот возач!

Часовник

Му подариле на еден македонски мафијаш златен Ролекс. Кога му го врачиле подарокот, тој го бендисал, но рекол дека не го разбира.
Му објасниле дека всушност многу лесно се познава колку е часот – кога двете стрелки се горе е дванаесет, а кога се долу е шест и пол.
Следниот ден мафијашот стои на улица и го чека шефот. Покрај него поминува едно девојче и го прашува:
– Чичко, колку е часот?
Мафијашот фрла еден тежок поглед кон својот елегантен часовник, размислува кратко време и вели:
– Рано е да се каже…

Созревање

Љубовното созревање на еден маж
Кога имав 16 години, сонував да си имам девојка.
На 18, конечно најдов. Но, немаше никакви чувства. Па решив да барам сентиментална и многу чувствителна девојка.
На 21 година си најдов таква. Таа беше толку чувствителна што плачеше и за најмала работа. Таа плачеше по цел ден, а понекогаш се заканувал и дека ќе изврши самоубиство.
Па така решив дека ми треба темпераментна, динамична девојка.
Најдов на 26. Таа вриеше од енергија. Започнуваше десет работи во исто време, и без да ги заврши, следниот ден започнуваше нови десет.
Отпрвин беше многу интересно, но потоа се чувствував како идиот околу неа. Решив да барам паметна и практична девојка.
На 31 ја најдов и се оженив за неа. Таа беше многу паметна и тврдоглава со двете нозе цврсто на земја. Таа беше толку практична што се разведе од мене и ми зеде сè што имав.
Сега сум стар и мудар. И си барам девојка со големи гради!

Гласови

Се среќаваат стари пријатели:
– Како си?
– Одлично! Конечно се ослободив од гласовите што ми кажуваа што да правам.
– Со лекови?
– Не! Се разведов.

Желба

Две бабички седеле на плажа
– Вчера ја видов Брижит Бардно на телевизија.
– И?
– Се сеќаваш како млади колку сите сакавме да изгледаме како неа?
– Се сеќавам.
– Епа, нашиот сон конечно се оствари!

Медицина

Баба отишла на доктор и го потпрашува докторот:
– Докторе да ви кажам нешто. Медицинава стварно напреднала многу со годините.
Кога бев млада морав да се соблечам до пола за да ме прегледаат, сега доволно е да го исплазам јазикот.

Фрижидер

Трпана го прашува швалерот:
– Драги, некогаш си поправал ли фрижидери?
– Никогаш.
– Веднаш почнувај, затоа што ја слушнав колата, маж ми се врати од службен пат!

Пејачка

Цветко седи во ресторан. Го чека келнерот и го прашува:
– Дали пејачката исполнува желби?
– Да, господине.
– Тогаш, речете и да замолчи!

Плаќање

Вечер Еден човек се враќа дома од работа и без да каже збор, собира куфер и почнува да го собира багажот. Неговата сопруга го прашува зачуден:
– Душо, каде одиш?”
– Одам во Никарагва.
– Зошто?
– Таму секс жената му дава на својот сопруг 4 долари.
Кога го слушна ова, жената ги фрла своите работи за домаќинството и започнува да се пакува.
– И каде сси тргнала?!
– И јас одам во Никарагва.
– Зошто?
– Сакам да видам како ќе преживееш цел месец само со 8 долари.