– Што е тоа финансиско-полов проблем?
– Си буричкаш во џебот и… к*р.
Желба
Трпе го прашува татко си:
-Тато сакам да живеам вечно, што да правам?
– Ожени се сине.
– И тогаш ќе живеам ли вечно?
– Не, но желбата ќе ти помине.
Избор
– Драги, какви жени сакаш повеќе, паметни или убави?
– И едните и другите… но и тебе те сакам…
Пролив
Што му се дава на слон кога има пролив?
– Многу место…
Разлика
Што е разликата помеѓу Прилепчанец и Кавадарчанец?
– После пет пива Прилепчанецот оди на тутун, а Кавадарчанецот оди кај другар му на по една ж’та.
Просечен македонец
Што може да купи просечен македонец на авто саем?
– Сендвич со плескавица.
Кармин
Му го поставуваат на еден Шкот вообичаеното прашање:
– Што носат Шкотите под килтот?
– Во успешен ден…. кармин!
Љубовница
Што е врв на машката верност?
Три пати се преженува, а цело време има иста љубовница.
Пари
Тато што се пари?
– Убави коли, шампанско, лепотици…
А што значи да немаш пари?
– Автобус, домашна ракија, мајка ти…
Невработен
Како се викаат луѓето кои се среќни во понеделник?
– Невработени.