Дома / Вицови / Политички (страна 5)

Политички

Сијалица

Колку вмровци се потребни да сменат сијалица?
– Ниту еден! Бранко си ја прегоре, Бранко нека си ја смени.

Рачно

Во некое македонско министерство снемало струја, па министерот се појавил пред службениците и им наредил:
– Денес сe ќе правите рачно.
И тогаш сите извадиле по еден шпил карти.

Пари

Човек си оди накај дома, и крадец му става пиштол на глава и му вели: 
– Дај ми ги твојте пари! 
– Господине, јас сум важен член на владата на РМ! 
– Епа во тој случај, врати ми ги парите!!!

Цариник

Некој цариник умрел и правец кај Св. Петар. Додека Св. Петар се мислел каде да го испрати цариникот му вика:
– Па јас би на граница, ако може.

Вести

Влегува советникот во канцеларијата на Груевски.
– Господине премиер имам две нови вести, со која да почнам?
– Па ајде со поубавата.
– Да, ама и двете се лоши!

Сексање

Зошто нема сексање во државни фирми?
– Затоа што сите се роднини!

Саат

Отишол Грујо во посета на македонските војници во Авганистан и го прашува еден од војниците:
– Војниче, колку е часот?
– 1 и 45, одговорил војникот.
– Е мој војниче не се одговара така, требаше вака да ми одговориш: “Благодарение на владата на РМ сега е 1 и 45”.
Никола го прашува другиот војник:
– Војниче, колку е часот?
– Благодарение на владата на РМ, јас немам саат!

Кока кола

За време на студената војна, стравот од комунизмот и Советското влијание беше распространет во повеќето западни земји. Следниов разговор се води во канцеларијата на американскот претседател.
– Господине Претседателе, Русите штотуку се спуштија на Месечината и почнаа да ја бојат во црвено. Работат брзо и една четвртина е веќе обоена во црвено.
– Ок па што е проблемот?
– Но г-дине Претседателе ако ја обојат во црвено, комунистичкиот симбол има да виси над глава врз целата светска популација.
– Не се грижи за тоа, остави ги нека си работат.
После два дена советникот влетува повторно во канцеларијата на Претседателот.
– Г-дине Претседателе, скоро се готови со половината.
– Не се грижи и остави ги да работат.
Подоцна истата недела советникот тажно објавува на Претседателот.
– Г-дине Претседателе ако погледнете нагоре ќе видите дека Месечината е цела црвена. Русите завршија.
-Ок, сега кога веќе завршија испратете шатл и нека нaпишат Кока Кола низ целото.

Автобус

На царина, цариниците на работа доаѓале со ептен јаки коли, мерцедеси, поршиња, ферарија… Еден ден главниот на царина се изнервирал и им рекол:
– Од утре, сите со автобус да доаѓате на работа, на што личи ова!
Шефот доаѓа утредента на работа и на паркинг паркирани 10 автобуси.

Криминалци

Како за најкратко време да ги затвориш сите криминалци во Македонија?
– Стави решетки околу Влада и Сообрание.