Дома / Вицови / Политички (страна 4)

Политички

Евровизија

Да го пратевме Тодоровиќ на Евровизија ќе имаше гласање дур не победиме.

Шетање

Шетаме така јас и другар ми низ Центар, си праиме нешто муабет, ова она, за музика, живот…доаѓаме полека до Карпош и оп!…ma ništa, produžimo da pričamo, o curicama, roštilju…ma znate već, mladi, ludi! znash brate, ovo ono…

Карпош

Јагнула најдобро го знае Карпош, учеле заедно во основно.

Покачување

Се шета Груевски низ скопските улици и запира случаен минувач и го прашува:
– Пријателе, ако ги покачам цените на сите производи за 100%, како ќе преживееш?
А овој му одговара:
– Супер, ќе можам да си дозволам одмор во Шпанија.
– Ами ако ги покачам за 200%?
– Епа тогаш ќе можам да заминам на Бахамите!
– А ако ги покачам за 500%?
– Супер, тогаш ќе можам да живеам во Дубаи!!!
– Одлично – одговорил Груевски и го потапкал по рамото:
– А ти со што се занимаваш, што работиш? – го прашал.
– Еми имам погребална агенција….

Насекаде Груевски

Цветко земал чипс и седнал на кревотот и пуштил телевизија, и го гледал Груевски. Го изгасил телевизорот, пуштил радио. И таму Груевски. Го исклучил радиото отвора весник, и таму Груевски. Го фрла весникот и вика:
– Леле, страв ми е да го отворам чипсот!

Акција

Проект на владата на Република Македонија:
– После отворениот клуб на хокеј, низ скопските улици се отвори и безбол тимот…

Благодарност

Македонскиот премиер решил да се прошета и да види како живеат обичните луѓе. Сретнал едно мало момче.
– Каде е татко ти?
– Отиде на работа со новиот автомобил.
– А мајка ти?
– Отиде на работа со стариот автомобил.
– А кој е дома?
– Баба ми, гледа телевизија на новиот телевизор.
– Гледаш ли момче, за сето тоа треба да сте ми благодарни мене!
– Бабо, бабо!!! Си дојде чичо од Америка!

Честитка

За нова година премиерот им испратил честитка на своите политички затвореници:
– За многу години, за многу години!