Дома / Вицови / Политички (страна 2)

Политички

Разлика

Што е разликата меѓу вонземјани и животот во државава?
– Вонземјани постојат.

Интервју

– Господине пратеник, ќе дадете ли интервју за нашиот весник?
– Времето ми е пари!
– Ве разбирам, од редакцијата ми дадоа 500 евра за оваа задача. Да се договориме, 350 евра за вас а 150 за мене.
– Може! А која е темата?
– За мито и корупција!

Избори

Двете прашања што го измачуваат човештвото:
1. Дали постои живот после смртта?
2. Дали постои асфалтирање после избори?

Телефонски повик

Кралицата Елизабета, Обама и Иванов заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
– Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
– Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Обама станал љубоморен и почнал да вреска:
– Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Иванов станал уште пољубоморен и државнички извикал:
– И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
– Колку должам?
– Десет денари, рекол Ѓаволот.
– Како тоа 10 денари? Овие разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
– Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локал.

Приказна

– Тато, раскажи ми приказна за добра ноќ!
– Слушај, сине. Во едно демократско царство си живееше еден пратеник. Тој беше сиромашен, но чесен. И тој пратеник сакаше да направи нешто добро за луѓето…
– Тато, да знаеш дека долго време нема да можам да заспијам, ако ме тераш да се смеам!

Пушење

Влегува министерот во кабинет, ги гледа советниците и почнува да им се дере:
– Нели ви кажав, за време на работа пушењето е забрането!!!
– А кој работи?

Грујо по дипломирањето

Грујо по дипломирањето на економскиот факултет во Прилеп и рекол на мајка му:
– Да знаев дека е толку лесно ќе завршев и средно!

Институт

Разговараат двајца вмровци:
– Каде работиш, пријателе?
– Во Институт за заразни и паразитни болести.
– Како зараза или како паразит?

Политичар

Се враќа политичар дома и почнуда да ја бакнува жена му.
– Се е готово, ме избраа!
– Навистина? Да не лажеш?
– Не драга, веќе нема потреба.

Прилог

Оди Груевски кај Вили:
– Ако може една лесковачка.
– Сакате и прилог?
– Не, прилог ќе нарачам од Сител.