Дома / Вицови / Политички (страна 12)

Политички

Никола Груевски

Што ќе се случи ако Никола Груевски се пресели во Босна?
Нивото на интелигенција ќе порасне во двете држави.

Лажов

Секретарката му кажува на Никола Груевски:
– Тука е еден новинар, сака изјава.
– Ма нека одат у бестрага тие чкрабала, стално ме прават лажов.
– Па, што да му кажам?
– Кажи му дека не сум тука.

Буш – Бранко

Џорџ Буш дошол на посета во Македонија и како што е редот Бранко го однел на прошетка низ Скопје, се шетале, муабетеле и само гледаат човек како моча на улица, Буш извадил пиштол и го убил човекот. Бранко изнервиран го прашал зошто го убил човекот. Буш ладнокрвно му одговорил:
– Епа кај нас во Америка, кога ќе видиме некој човек како моча на улица го убиваме…
После некое време, Бранко ја посетил Америка… Се шетале по улица и гледаат некој човек како моча… Бранко го извадил пиштолот и го убил човекот за да му врати на Буш.
Следниот ден во весник:
"Убиен Македонскиот амбасадор во Америка."

Љубчо и Бранко

Отишле Љубчо и Бранко на гости кај Буш во Америка, ги седнале на голема маса и почнале да принесуваат порцелански чинии. Ги видел Бранко чиниите, грабнал една и ја пикнал под пазуви. Арно ама, го видела тоа жена му на Љубчо и му шепка:
– Абе, Љубчо, види го Бранко здипли чинија, земи и ти една.
Станува Љубчо и вика:
– Ние Македонците сме познати магионичари. Еве јас ќе ставам една чинија под пазуви, а Бранко ќе ја извади.

Слободан Милошевиќ

После смртта, Слободан Милошевиќ оди во чистилиштето и се сретнува со Св. Петар кој му вика:
– Кај тргна бре Слободане?
Слободан, чврсто убеден, со нареднични став:
– Во рајот, каде инаку?
– Море каков рај, ти одиш право во пеколот! (Луто му одговорил Св. Петар)
И Слободан отишол во пеколот. После неколку дена, некој тропа на вратата во рајот. Св. Петар отвара порти, и кога пред врата гледа комплет цела екипа ѓаволи од пеколот.
-Каде бе вие, што е работата? (Ги прашал нервозно Св. Петар ѓаволите)

– Бегалци! – одговориле ѓаволите.

Ти седни!

Оди Никола Груевски во познат локал, седнува со своите телохранители на едно од сепарињата, доаѓа келнерот и ги прашува што ќе се напијат. Премиерот му вика : Ти седни те молам.. Келнерчево си седнува, а телохранителите го стануваат и му викаат: Три средни идиоте!!!

Кил Бил

Зошто Бил Клинтон веќе не е претседател на Америка?
– Само заради една анкета:
"Дали би спиеле со Бил Клинтон"?
– 82% одговориле – никогаш повеќе!

Грчка работа

Чекаат македонците цел ден пред грчка амбасада. Излегува амбасадорот и овие му се жалат:
– Ај бе цел ден чекаме, нема смисла, побрзо може ли?
– Доста бе, ќе чекате! -И ги мава со камшик.
После некое време пак излегува, а овие пак се жалат:
– Де бе стварно нема смисла, може ли малку побрзо, окапавме тука?
Овој пак ги мава со камшикот и вика:
– Море ќе чекате дур не цркнете ако треба.
Излегува третиот пат и им вика на луѓето:
– Слушајте вака, сега сите ќе влезете, ама има еден услов. На почетокот на редот кај што ќе ви ги даваат визите има еден црнец и ќе мора сите да ве опне од позади.
– Лелеее, па нема смисла, дај ставете двајца црнци за побрзо да оди редот!

Вентилатор

Починал некој човек и чекајќи ред кај Свети Петар, забележал многу ѕидни часовници во ходникот. Кога дошол на ред го прашува Св.Петар:
– А бе, што оволку часовници?
– Е па според брзината на вртењето на казалките, гледам колку се краде во секоја земја.
– А Македонија не ја гледам?
– Е, часовникот за Македонија ми е во дневна, ми служи како вентилатор!