Дома / Вицови / Политички (страна 10)

Политички

Исчезнување

Отишле Груевски, Црвенковски и Ахмети по риба и ја фатиле златната рипка. Рипката ги замолила да ја пуштат, а таа за возврат ќе им исполни три желби.
Груевски: „Нека исчезнат сите сдсмоовци!“ – и желбата му била исполнета.
Црвенковски: „Нека исчезнат сите вмроовци!“ – и оваа желба била исполнета.
После ова Ахмети длабоко се замислил и рекол: „Донеси ми едно кафе!“

Услов

Кој е условот за да бидеш член на Вмро?
– Да не можеш да кажеш Р.

Пуст ориз

Зошто Никола Груевски се развел од првата жена?
– Кога отишле на гости кај бабата, она требела ориз и Никола рекол: Дај да тебам и јас.

На бербер

Отишол Груевски кај берберот брицо да се подсрижи и како што е редот почнале муабет и брицо го прашува абе Коле се плашиш ли од Бранко Црвенковски, а овој одма, ма каков Бранко готов е тој нема што да се плашам, па го прашува а од Фрчко се плашиш ли а овој каков Фрчко кој е тој Фрчко, па го прашува а од Тито се плашиш ли а овој одма, каков Тито ние го растуривме Тито тој повеќе нема ништо, па го прашува а од Бранко Црвенковски се плашиш ли а овој малце лут абе каков Бранко нели ти кажав еднаш нема ништо тој, брицо продолжува а Коле од Андов се плашиш ли а овој одма каков Андов тој нема веќе партија му ја растуривме од него ќе се плашам, а од Ахмети се плашиш ли овој одма, ма готов е и тој на овие избори, па го прашува а од Манасиевски се плашиш ли, а овј абе каков Манасиевски и тој нема што да бара веќе готов е, и пак брицо го прашува а од Бранко Црвенковски се плашиш ли, и Груевски веќе многу лут му вика абе два пати ти реков не се плашам и не ме прашувај веќе за него, што си запнал толку од никој не се плашам па ни од него,,, и тогаш брицо му вика абе Коле кога ке ти го спомнам Бранко само од него косата ти се крева нагоре и многу ми е полесно да те шишам, а на другиве не реагираш му рекол брицо.

Интелигенција

Бранко Црвенковски отишол кај Џорџ Буш да побара совет. Му рекол:
-А, бе Џорџ, како успеваше минатите години со толкава нација да се справиш. Јас со 2 милиона луѓе, една шака народ, па едвај се справувам…
Џорџ му вели:
– Најбитно е во земјата да имаш паметни луѓе на видни позиции. Еве сега ке го викнам Колин Пауел и ке ти покажам.
Доаѓа Паулел и Буш го прашува:
– Кој е син на твоите родители, а не ти е брат?

Повеќе…

Проблем

Што е проблемот со вицовите за политичари?
-Тоа што политичарите мислат дека не се смешни, а сите други луѓе мислат дека не се вицови.

Политичари

Си биле Бучко, Грујо, Рада и Јанкул и се скарале и од таму дошол волкот и го изел Али Ахмети!

Кромид

Што е разликата меѓу политичар и кромид?
-Кога сечеш кромид, плачеш.

Брада

Зошто Гордана Јанкуловска не ја бричи брадата?
– Сака да биде Чак Норис.