Дома / Вицови / Полицајски (страна 5)

Полицајски

Инфаркт

Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
– Што се случува?
– Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.
– Тато, чичко Цветко се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
– Абе Цветко, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми…

Станица

Некој човек го прашува полицаецот:
– Извинете, знаете како да ја најдам најблиската полиција?
– Ех, тоа е лесно, прашај ме нешто друго!

Патриот

Некоја жена продавала кондоми во трафика и била фатена како ги дупи со игла. Полицаец ја прашува:
– Зошто си ги дупела кондомите со игла?
– Бидејки сум патриот.
– Каква врска има тоа со патриотизам?
– Го зголемувам наталитетот на Република Македонија!

Полициско куче

Двајца полицајци возат куче на полагање. Патем стигнуваат поп и го земаат и му викаат:
– Ако положи кучево, ќе го направиме поп.
Попот слегол од колата и ги прашал:
– А, ако не положи, ќе остане полицаец?

Поп

Запираат двјаца полицајци поп да вози кола пијан.
– Попе, пред нас и право во станица.
Попот тргнал да оди пред нив и едно време им вели:
– Слушајте бре деца, на тие што им одам пред нив никогаш не се враќаат.
– Марш, да те нема од пред нас! – Му се развикале полицајците.

Пијан шофер

Си вози еден пијан човек кола и наеднаш го запира полицаец и вика:
– Извинете господине, ве молам вашата возачка дозвола.
А пијаниот вика:
– Не знам кој сум, не знам што сум!
А полицацот вика:
– А ,знаете ли кој сум јас?!
– Ajдееее до кај дојде нашава држава, јас не знам кој сум, он не знае кој е…

Час

Полицаец запира лека кола и и вели на плавушата зад воланот:
– Добар ден. Документите ве молам.
– Зошто, господин полицаец?
– Затоа што возевте со сто километри на час во населено место.
– Каков час! Јас излегов од дома пред 5-6 минути!

Костум

Полицајци се собираат во кафеана, и еден од колегите доаѓа во ултра модерен костум. Го заобиколуваат и го прашуваат:
– Од каде ваков костум и од каде најде пари да го купиш?
– Абе какво купување, подарок ми е.
– Аман бре, кој ти подарил вакво нешто?
– Жена ми. Се враќам вчера дома, таа ме чека гола во креветот, а костумот оставен на столот на спалната…

Брзо возење

Џандар запира кола заради брзо возење и му вели на возачот:
– Друже, те чекав тебе цел ден!!!
На што возачот му враќа:
– Да? Епа ево, стигнав најбрзо што можев.

Цреши

Влегува човек во полициска станица и на сет глас вели: вие полицајците се најглупи. На тоа се собираат сите полицајци и велат дека не е точно. Човекот им вели ќе ви поставам три прашања доколку одговорете точно не сте глупави!
1. Што е тоа мало црвено на дрво расте?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: цреша.
Полицајците: Дај нешто полесно!
2. Што е тоа две мали црвени на дрво растат?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: две цреши.
Полицајците: Дај нешто полесно не се зафркавај!
3. Што е тоа што ја влечи коњската кола?
Сите ќутат, само еден дига рака.
Полицаецот: Да не се ТРИ ЦРЕШИ?!