Дома / Вицови / Полицајски (страна 4)

Полицајски

Најзагрозени

Си стоеле двајца полицајци пред гинеколошка клиника и читале плакат на кој пишувало:
„Најзагрозени професии од сифилис се: 1. Актери 2. Шофери 3. Полицајци.“
Откако го прочитале, едниот полицаец го прашал другиот:
– Абе колега, што е тоа сифилис?
А овој му мавнал еден шамар и му рекол:
– Е од такви како тебе сме на трето место.

Пијан

Полицаец застанува еден човек и го прашува:
– Господине, вие пијан сте?
Овој му одговара:
– Не.
Полицаецот:
– Добро,ама одговорете на прашањево. Гледате две светла кои идат накај вас, што е тоа?
Возачот одговара:
– Па кола.
Полицаецот:
– Да,ама каква кола? Мерцедес, Опел, Цитроен…
Возачот збунето одговара:
– Па од каде да знам!?
Полицаецот:
– Ти си пијан. Ај сега одговори на ова прашање: Гледате едно светло кое иде накај вас, што е тоа?
Возачот:
– Мотор, секако.
Полицаецот:
– Мотор е, ама каков, Јамаха, Хонда, BMW?
Возачот налутено одговора:
– Па јас не можам тоа да го знам.
Полицаецот:
– Ти си сигурно пијан.
Возачот:
– Ај сега јас да те прашам едно прашање. Ако по патот видиш полугола жена со мрежести хулахопки, што е тоа?
Полицаецот:
– Лесно, стриптизерка.
Возачот насмеано:
– Да, ама од каде знаеш дали е ќерка ти, жена ти или мајка ти?

Нема никој

Си доаѓа полицаецот дома и ја гледа својата жена како лежи гола во креветот.
– Жено кажи каде е! Ќе го убијам!
– Никој нема мажу, што ти е?
– Мори жено кажувај каде е, ќе ве убијам двајцата.
– Никој нема!
Оди во едната соба никој, оди во другата нема никој, отвара во шкафот и таму нема никој. Погледнува под креветот, а од таму човекот му подава 20 евра. Полицаецот ги зема парите и вели:
– И под креветот нема никој!

Полиција

Касното ноштеска. Звони звончето.
– Кој е?
– Отвори полиција!
– Нема никој дома!
– А кој дума?
– Причинило ви се е.
– А зашто свети?
– Е чеке са ќе угаса!

Задача

Командирот ги собира полицајците и им дава задача:
– Утре, во 11:48 сите да се нацртате на плоштад, оние со дигитални саати: два пендреци, свртено столче и снешко.

Карти

Влага полицаец во автобус на ЈСП и му вика на шоферот:
– Дај ми 2 карти.
– Зошто ти се 2 карти?
– Па ако ја изгубам едната, да имам друга.
– А, ако и таа ја изгубиш?
– Епа, имам и месечна карта.
– А, ако и месечната ја изгубиш?
– Еее, па униформисани лица не плаќаат карта.

Брзо возење

Полицаец сопира некоја госпоѓа која возела брзо:
– Госпоѓо, вашите документи!
– Ве молам не ме казнувајте, јас сум професорка.
А полицаецот и враќа:
– Е долго го чекав овој момент. Ајде сега на лист да напишете 1000 пати: „Никогаш повеќе нема да возам брзо“.

Инфаркт

Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
– Што се случува?
– Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.
– Тато, чичко Цветко се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
– Абе Цветко, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми…

Станица

Некој човек го прашува полицаецот:
– Извинете, знаете како да ја најдам најблиската полиција?
– Ех, тоа е лесно, прашај ме нешто друго!

Патриот

Некоја жена продавала кондоми во трафика и била фатена како ги дупи со игла. Полицаец ја прашува:
– Зошто си ги дупела кондомите со игла?
– Бидејки сум патриот.
– Каква врска има тоа со патриотизам?
– Го зголемувам наталитетот на Република Македонија!