Дома / Вицови / Полицајски (страна 3)

Полицајски

Молив

Оди полицаец во книжарница да купи за син му молив и ја прашува продавачката (плавуша):
Полицаецот: Имате ли молив за четврто одделение?
Продавачката: А сакате за прва или за втора смена?

Затвор

Дошол нов полицаец во затвор како чувар, а шефот го предупредил дека има проблематични затвореници. На тоа, новиот чувар рекол:
– Нема гајле, кој не слуша, ќе лета надвор!

Казна

Полицаец го сопира Трпе:
– Господине направивте прекршок ќе мора да ве казнам со 20 евра казна.
– Ма нема проблем, вчера ваш колега за помал прекршок ми ја зема дозволата.

Полицаец од гомно

Едно дете играло со гомно и минува полицаец и го прашува:
– Што правиш бе?
– Правам полицаец од гомно.
Ќотек, ќотек…
Наредио ден пак исто:
Ќотек, ќотек…
Третиот ден полицаецот го прашува:
– Пак ли правиш полицаец од гомно?
– Не бе чиче, од секое гомно не бидува полицаец.

Дување

Полицаец сопира кола за проверка.
Од колата излева маж, кој едвај стое на нозе. Полицаецот:
– Опаа, некој убаво се напил, ај дувни малку во апаратот!
Човекот ваде 1000 денара и му ги дава. Полицаецот:
– Така… ај уште еднаш дувни!
Човекот ваде уште 500 денара и му ги дава. Полицаецот:
– Не така слабо бе, дувни посилно, како првиот пат!

Има ли некој

Шефот на полицајците оди порано во полицијата и на влез го прашува дежурниот:
– Има ли некој во зградата?
– Има.
– Кој?
– Јас.
– Не бе, идиот! Прашувам, има ли некој друг освен тебе!
– Да.
– Кој?
– Вие.

Англиска кола

Полицаец запира автомобил за проверка.
– Добро вечер! – вели полицаецот.
– Дооообрро вечер – одговара возачот на возилото.
– Вие како да сте пиеле алкохол ми се чини?
– Пиев, пиев… дааа…
– Што пиевте и колку?
– Па денес ја мажев ќерката и пред церемонијата со пријателите испивме по неколку ракии за храброст, потоа во црквата пиевме вино, во ресторанот шампањ и после толку ги измешавме што веќе не се сеќавам. Ама испивме и по неколку литри пиво и пак ракија.
– Вие се зафркавате ли со мене? Не ли гледате дека ве запира полицаец за проверка и за алкохолен тест?
– А вие не ли гледате дека колата ми е од Англија и жена ми е зад воланот!?

Меланхолија

Двајца полицајци се шетаат по еден мост.
– Знаеш дека вчера од овој мост се фрли една жена.
– Од меланхолија ли?
– Не, велат била од битолските села.

Таман

Полицаец застанува возач, и му бара лична карта, возачка дозвола… Меѓу другото, полицаецот прашува:
– Господине, да не сте пијан?
– Не.
– Па, гледам дека не сте ни трезен.
– Не сум ни трезен господине полицаец.
– Па каков сте?
– Таман.

Лична карта

Полицаец го сопира Цветко и му вика:
– Лична карта ако може!
Цветко со тешка мака му вика:
– Уф не ја знам баш, али чим си запнал… ОООО ЈЕ СИ ЛИ ТО ТИ!!!!