Дома / Вицови / Полицајски (страна 10)

Полицајски

Играње

Некое дете си тапкало во земја со гомна. Поминал некој и му рекол:
– Мали, што правиш бе?
– Тебе те правам.
Поминале уште неколку и истото им го кажал. Некој полицаец го слушнал детето и го прашал:
– Мали што правиш?
– Ништо, си играм.
– Јас мислев дека мене ме правиш!
– За тебе немам толку гомна. – одговорило детето.

Вести

Двајца полицајци седат во кола и слушаат радио, и спикерката вели:
– А сега да слушнеме вести од земјата.
И полицајциве одма надвор и легнале на земја да слушаат вести од земјата, и доаѓа шефот и им вика:
– Што правите бе вие тука легнати?
А тие одговараат:
– Друже командире досега слушавме вести на радио, па спикерката рече да слушнеме вести и од земјата.
А шефот налутен вика:
– Бегајте бре неписмени едни од асвалтов, одете слушајте кај шо има земја, а не тука.

Поклон

Колегите на еден полицаец му подариле стан со тапети и го прашуваат утредента како му се свиѓал поклонот. Овој им вика:
– Чекајте бе, уште не сум го одвиткал цел.

Мокри нозе

Зошто полицаец кога се вози во кајче му се мокри нозете?
– Ја гаси цигарата во вода.

Пљачкање

Некоја банка ја пљачкаат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката:
– Како изгледаше човекот?
– Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело!

Удар

Зошто полицаец со мокра крпа го кваси зидот?
– Лекарот му рекол да става облоги таму кај што се удрил.

Идентификација

Полицаец сопира студент и му вика:
– Лична карта ќе ве молам!
– Немам!
– Добро имате некој друг документ за идентификација?
Студентот му вади индекс и го дава на полицаецот. После некое време полицаецот:
– Брееј па ти си се изнапатувал!

Пола теле

Полицаец запрел возач и го прашува:
– Што имате во багажникот?
– Пола теле!
– А живо ли е!?

Лежечки полицаец

Доаѓа Црногорец во полициска станица и под пазуви носи перница.
– Повелете господине! – му вели дежурниот полицаец.
– Абе слушнав дека има некои лежечки полицајци, па дојдов да се пријавам.

Кибрит

Си бил еден полицаец и сакал да запали цигара. Зел кибрит и запалил едно кибритче и не му палело зел уште едно не му палело и едно му запалило и рекол:
– Е ова пали, ќе си го чувам за после.