Дома / Вицови / Полицајски

Полицајски

Аквариум

Шефот изнервиран дека неговите полицајци се глупави им вика:
– Сакам утре сите да ми кажете што е тоа логика!
И иде еден цајкан дома, мисли мисли, па ја прашува жена му.
– Абе жено, што е тоа логика?
– Епа вака сега… ти имаш аквариум така?
– Да
– Епа тоа значи дека сакаш риби, така?
– Да, да.
– Сакаш риби значи сакаш женски. Сакаш женски значи не си педер! Тоа е логика свати?
И иде следниот ден цајканот кај шефот и му вика
– Шефе знам што е логика!
– Е ај кажи.
– Ти имаш аквариум дома?
– Не.
– Епа педер си!

Бомби

Двајца полицајци нашле 3 бомби и едниот полицаец му вика на другиот:
– Ајде да ги земеме, и да ги однесеме на командирот.
– Чекај малце, што правиме ако пукне една?
– Епа ништо де, ќе му кажеме дека сме нашле две.

Сообраќајка

Полицаец го испрашува Трпе на местото на сообраќајната несреќа:
– Сега сакам да ми објасните како го удривте пешакот на пешачкиот премин?
Возачот:
– Господине полицаец! Воопшто не го удирив. Застанав да му дадам предност, и тој се онесвести од изненадување.

Пакетче

– Ало полиција!
– Да, повелете.
– Мојот комшија продава марихуана.
– Колку ја дава?
– 1000 денари пакетче.
– Не купувај од него, скапа е.

Исчезнат

Се јавува Трпе во полиција:
– Ало, полицијата?
– Да, кажете!
– Сакам да пријавам исчезнато лице!
– Откога е исчезнато?
– Веќе три поста не ми лајкувал.
– Да не се безвезе постовите?
– Не! Еден виц и две смешни слики.
– Дали му пишавте порака?
– Да, нема ни seen.
– А он постирал нешто?
– Веќе 5 часа, ништо…
– Разбирам, сериозна е работава… дајте адреса, ќе испратиме патрола веднаш.

Добар виц

– Ало, полиција?
– Да, повелете!
– Ви се јавувам да ми кажете некој виц!
– Господине, ова е сериозна институција, ние работиме овде, немаме време за вицови!
– Хахаха, топ виц, поздрав!!!

Секси

Седат двајца полицајци во кафана и едниот забележал згодна плавуша па го прашува колегата:
– Како да и пријадам?
– Епа само оди до нејзината маса и кажи и да е убава, немој да и кажуваш дека е секси.
Станува полицаецот и оди кај плавушата:
– Здраво! Убава си ама не си секси!

Манијак

Некој манијак брка девојка низ парк и се дере:
– Дојди да ми го испушиш!
Девојката бега, а манијакот трча по неа и пак се дере:
– Дојди да ми го испушиш!
Девојката стига до двајца полицајци и цела возбудена им вика:
– Помагајте, оној манијак ме брка да му го испушам!
На што полицаецов се врти кон манијакот и се дере:
– Немој ја да ти го испушам!

Оружје и дрога

Одат двајца полицајци во школо во Чаир:
– Добар ден господине.
– Добар ден.
– Дојдовме да одржиме предавање за дрогата и оружјето.
– Не го предаваме ниту дрогата ниту оружјето, ај гитла!

Близнаци

– Добар ден…
– Добар ден, извинете, дали сте близнаци?
– Не, зошто прашувате?
– Па, мајка ви исто ве облекла, баш сте слатки!
– Господине, ве молам излезете од автомобилиот и донесете ја возачката и сообраќајната дозвола!