Дома / Вицови / Плавуши (страна 4)

Плавуши

Јабуке

Зборив две плавуше. Прва вика:
– Доктор ми кажа наредну недељу да живу само на јабуке.
Овај друга:
– А што ако паднеш?

Англиски

Плавуша му кажува на сопругот дека сака да посвои тримесечно бебе од Англија. Сопругот ја прашува:
– Што ќе правиш со него ??
– Па кога ќе почне да зборува, од него ќе учам англиски.

Перек

Зошто плавуша не јаде перек?
– Затоа што не знае да го отплетка.

Трудна плавуша

Плавуша оди на преглед кај гинеколог.
– Докторе, бремена сум веќе трет месец, а немам стомак…
Докторот:
– Портокали јадете ли?
– Не, а треба ли?
– Треба!
После три месеци плавуша оди пак на преглед.
– Докторе, бремена сум веќе шести месец, а немам стомак…
Докторот:
– Банани јадете ли?
– Не, треба ли?
– Треба!
После три месеци плавушата пак оди на преглед:
– Докторе, треба да родам а немам стомак…
Докторот:
– А односи со партнерот имате ли?
– Не, а треба ли?

Кафе

Плавуша седнува во турски ресторан и келнерот ја прашува:
– Како го пиеш кафето?
А оваа му одговорила:
– Со уста.

Истрага

Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
– Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
– Аааа… четири.
– Во ред. Квадратен корен од 100?
– 10?
– Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
Плавушата молчи. После некое време рекла:
– Не знам…
– Добро, размисли и дојди утре.
Пријателката и се јавува на плавушата:
– Те вработија ли?
– Не само што ме вработија, – се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам.

Калории

Бринета прашува плавуша:
– Колку калории можам да согорам, ако пливам цел час во базент!?
А плавушата врака:
– Глупа жено! Не можeш да гориш работи во вода!

Плескање

Седи дедо во автобус, а до него атрактивна плавуша.
– Госпоѓо, ќе ти дадам 100 евра само да те плеснам по задникот.
Плавушата:
– Старче, што не ќе ти падне на памет! Ама кога подобро ќе размислам… Ајде!
Дедото и ја става раката под фустанчето и започнува да ја гали, гали, гали…
Плавушата:
– Ајде бре, плесни ме веќе еднаш!
– Еее, би те плеснал да имав 100 евра.

Возачка дозвола

Плавуша полагала за возачка дозвола. Следниот ден ја сретнал комшијата и ја прашува:
– И, како? Положи ли?
– Не знам, членот од комисијата е сеуште во болница.

Момче

Како плавуша бара дечко?
– Зема мајмун и чека да стане човек.