Дома / Вицови (страна 9)

Вицови

Маж

Мажот има 3 главни животни функции:
1. Да го чува Семејството
2. Да ја брани Татковината
3. Да дојаде, за да не се фрла…

Ист

Разговараат две плавуши:
– Убава ли плата зема маж ти?
– Како сите други.
– А пие?
– Како сите други.
– А во кревет, каков е?
– Како и сите други…

Тоалет

Отишол Македонец на работа во Јапонија и само што излегол од авионот, го стегнал стомак. Бргу отрчал во првото јавно веце. Се олеснил и се врти околу себе: никаде нема тоалетна хартија. На ѕидот пред него имало три копчиња. Го притиснал првото и млаз топла вода му го измил задникот. Веднаш го притиснал и второто копче: топол воздух му ја исушил влагата на задникот. Љубопитно го притиснал и третото копче. Одеднаш му паднало мрак на очи.
Се буди утредента во болница, а до него седи медицинска сестра и на лош англиски јазик му објаснува:
– Имавте несреќа, но докторите Ви го спасија животот. За неколку дена ќе можете да излезете од болница.
– Аха… Туку сестро… Што беше тоа третото копче?
– Ааа, тоа е за вадење тампони кај жените. Повелете, вашите јајца…

Среќа

На испит по анатомија.
Студентката:
– Пенисот е машки полов орган со долгнавеста форма, кој во средината има коска. Долг е околу 30 сантиметри…
Професорот:
– Тоа за формата сте во право, за коската само Ви се причинило, а за оние 30 сантиметри сте имале среќа…

Вакцина

– Здраво! Маса слободна?
– Сертификат за вакцина?
– Не го зедов.
– Стави 5 денари на рамо.
Паѓа паричката…
– Тргни се од врата, не прај гужви.

Скеле

Влегува градежен работник во автосалон:
– Колку чини тоа црното BMW на плацот надвор?
– 250.000 евра.
– А на кредит на една година?
– 25.000 евра месечно.
– Уууу, а на две години?
– 12.500 евра месечно.
– Хммм, а на три години.
– Погледнете и други коли. Има поефтини.
– Може, ама скелето падна врз баш врз таа.

Југо

Четворица другари гурав га Yugo, проваѓа некој тип и вика:
– Што бе, не пали, а?
– А бе пали, ама брзамо…

Пензија

Женската го носи својот дечко дома на ручек за прв пат.
И дечкото му се обраќа на таткото на девојката:
– Јас сум во врска со вашата ќерка веќе 5 години.
– Е добро, и што сега, да не сакаш да ти дадам пензија?!

Патики

Малиот Трпе му се фали на малиот Цветко:
– Види, си купив нови патики!
– Да? Колку ги зема?
– 100 евра, оргинал.
– А зошто пишува like наместо nike?
– Па од facebook ги купив.

Развод

Трпана и се жали на Цвета:
– Готово е, не можам да издржам веќе, решив ќе се разведам од Трпе.
– Дали сакаш да ти најдам добар адвокат?
– Е сега е касно, веќе си најдов еден поштар од Ѓорче.