Дома / Вицови (страна 7)

Вицови

Испит

На испит по казнено право. Професорот:
– Можете ли да ми кажете колега, што е тоа измама?
– Измама ќе биди професоре, ако ме бутнете на испитот.
– Што сакате да кажете?!
– Па во книгата пишува дека измама извршува оној кој го користи незнаењето на некој и му нанесува штета.

Предавање

Запира полицаец возач во 4 сабајле и му вика:
– Каде одиш?
– На предавање
– На какво предавање?
– На предавање за морални вредности, колку алкохолот штетно влијае врз човечкиот организам, колку цигарите се исто така штетни и колку моето седење во кафана лошо влијае врз мојот социјален живот, врз моите финансии и врз мојот семеен живот ..
– Хаха абе кој држи такви предавања во 4 саат?
– ЖЕНА МИ!

Затвор

Цветко си збори сам на себе:
– Не пиjам.
– Не пушам.
– Си легнувам во 10 вечер, а станувам во 6 сабајле.
– Тивок сум, мирен и послушен… ама кога ќе излезам од затвор, се ќе се смени!

Дегустатор

На оглас за дегустатор на вино се пријавил некој тежок пијаница.
Директорот на фирмата сакал брзо да го откачи, па му дале чаша вино на пијаницата, да го оценат колкаво е неговото познавање.
– Мускат, три години старо, стоено во челична бочва. Низок квалитет, но прифатлив. – ко од пушка одговорил типот.
– Точно, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!”
– Кабарне, 8 години старо, храстова бочва, ферментира на 8 степени целзиусови. За три години ферментација ќе ги покаже најдобрите резултати!”
– Точно!
И третата чаша бргу му ја дале.
– Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен! – ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед, а тогаш му текнало како да се откачи од него. И’ намигнал на секретарката и нешто и’ шепнал, па она излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина. Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– Плавуша, 26 години. Три месеци трудна, да зборнеме за платата или да кажам кој е таткото?!

Дрвца

Македонија… Двајца работници вработени во јавно градско претпријатие:
Едниот копа дупки, другиот зад него ги затрупува.
Еден случаен минувач ги забележува и прашува:
– А бе ти зошто ги копаш тие дупки, кога вториот зад тебе ги затрупува?
– Тој не е вториот, туку третиот. Вториот е на одмор, инаку тој ги ставаше дрвцата…

Вино

Домаќинот забележал дека неговите гости многу му запнале на виното, а покрај пиењето како и да не планирале да си одат.
Затоа, на следното полнење вино од визбата, наместо вино им донел оцет.
Едниот од гостите продолжил да пие како ништо да не се случило, а другиот го прашал:
– А бе, ти не ли осеќаш дека ни стави оцет?
– Колку оцет може да има во една куќа? Шише, две… после пак ќе ни стави вино.

Раѓање

Учителката ги прашува децата како доаѓаат бебињата на свет.
– Штркот ги носи учителке. – рекло едно дете.
– Не, не, таткото и мајката прво треба да се бацуваат па после доаѓа детето на свет.- рекло друго дете.
Тогаш малиот Трпе дига два прста:
– Учителке, а може ли ние што сме дупеле да излеземе надвор, да не слушаме вакви глупости?!

Стриптиз

Блажо и Мара че слават 26 год. од бракот, и Блажо а прашуе Мара дека сака да одат, а она вика:
– Блажо, а бе сакам да ме однесиш у ниа стриптиз клубовите, не су била до сеа…
И Блажо а воде у еден, влегуат, ги остават палтињта, и гаредероберката му вика:
– Оо, добро вечер Г-дине Блажо…
Мара се наапуе и , го прашуе:
– Коа е ваа бре…..
– На Ѓоко колегата, ќерка му…..
Иде келнерката, и му вика:
– Добро вечер Г-дине Блажо, има празна маса за вас….
Мара го убива со погледот, а Блажо и вика:
– Смири се Маре, она беше куварка кај нас у фирмата, у мензата….
Седнуат на мас’та, почнуе да се соблекуе стриптизет’та, и каа останала само на гаќи прашуе:
– Ајде, кој вечер че ми и собуе гаќите…
И цело кафене почнало да вика:
– Блажо, Блажо…..
Мара побеснуе, излева од кафењ’то, влева у такси, Блажо по неа и вика:
– Маре ме наместија, ја не и познаам тиа женски, веруј ми..
А таксистот му вика:
– Оо Блажо, шо е ваа работа, до вчера се воземе млади пичиња. кај а најди ваа грда стара бабетина а?!

Распоред

Трпе имал проблеми со ерекцијата и отишол на доктор. Докторот му вели дека претерал со сексот во последните 20 години и сега му остануваат само 30 ерекции. Се враќа дома скршен и ја споделува веста со Трпана:
– Ми преостануваат само 30 пати секс во животот!
– Тоа е страшно! Треба да направиме список и распоред.
– Веќе го направив, ама тебе те нема во списокот…

Манастир

Оди човек во манастир. Игуменот го прашува:
– Знаеш дека во нашиот манастир држиме завет на тишина?
Човекот тивко кимнал со главата.
– Тогаш, добредојде.
Поминуваат пет години и игуменот го повикал:
– Сине, поминаа 5 години откако дојде во нашиот манастир. Имаш право на 2 збора. Дали сакаш да кажеш нешто?
– Лош кревет!
– Во ред, сине! Оди во мир! – рекол игуменот.
По 10 години, игуменот повторно го повикал.
– Сине, поминаа уште 5 години. Имаш право на 2 збора. Ќе кажеш ли нешто?
– Лоша храна!
– Во ред, сине. Оди во мир!
По 15 години во манастирот, игуменот повторно го повикал.
– Па, сине, поминаа уште 5 години. Знаеш, имаш право на 2 збора.
– Се откажувам!
– Знаев! Само се жалиш откако дојде!

Анкета

Анкетар го прашува Цветко:
– Какво е вашето мислење за секс на работно место?
– Никакво. Прво јас сум оженет човек, а како второ изборот е никаков…
– Извини, а каде работиш?
– Работам од дома…

Мост

Летна ноќ во Наполи. Сите излегле пред куќи, муабетат и чекаат време за вечера.
На третиот кат на една куќа во тесно уличе, млада убавица штотуку се соблекла покрај отворениот прозорец.
Точно наспроти, на истата висина, некој младич исто така сосема се соблекол, за полесно да ја поднесе жештината. Забележувајќи ја голата сосетка возбудено ѝ предложил:
– Дојди кај мене, да се погалиме! Не можам веќе само да те гледам!
– А како да преминам? – прашува таа нерешително.
– Гледај само како влијаеш на мене… Со мојов – ќе ти направам мост преку уличкава!
– Добро… ама после како ќе се вратам?!

Јајца

Влегува Трпе едно сабајле во кујна, а таму Трпана му се фрла и го соблекува набрзина, го легнува на маса и почнуваат да водат љубов.
Кога завршиле, Трпе изненаден прашува:
– Трпано што ти стана наеднаш?
– Абе Трпе… ставив јајца да се варат и ми требат меко варени не повиќе од 2 минути. А саатот е расипан, па вака да знам кога се готови.