Дома / Вицови (страна 40)

Вицови

Боси

Отворија Кумановац кафану и да привлече гости закачија рекламу:
– “ВЕЧЕР ЗА ГОСТИ ЌЕ ИГРАВ ГОЛИ ЖЕНСКИ”
Проваѓа полицијац па га опоменује:
– Газда, не може овакој, дај напиши нешто помалко вулгарно.
Рипне газда па напише нову рекламу:
– “ВЕЧЕР ЗА ГОСТИ ЌЕ ИГРАВ ЖЕНСКИ БОСИ ДО ГУШУ”

Сличности

Имав еден колега Кинез, кој се викаше Ли. Еден ден додека пиевме кафе кај нив го прашав:
– Ли, те нервира ли кога велат дека сите Кинези си личат еден на друг?
А тој одговори:
– Ли отиде по пиво, јас сум жена му…

Кученце

Три млади и плави пациентки кај гинекологот …
– Значи сакате да дознаете каков пол ќе бидат вашите бебиња?
– Даааа!
Докторот сакал да ги заебава малку па им рекол:
– А знаете ли дека има начин како тоа да го дознаете и без ехо. Според народната медицина тоа зависи од позата во која што е правено бебето.
Првата: јас бев врз него!
– Значи бебето ќе биде женско.
Втората: јас бев под него!
– Кај вас бебето ќе биде машко.
Третата почнала да плаче на цел глас.
– Што се случило?? Зашто плачете – ја прашал докторот.
– Моето ќе биде кученце…

Рецепти

Влегува Цветко во аптека и прашува:
– Еурокрем имате ли?
– Не.
– А мартадела?
– Не.
– Сигурно и конзерви сардина немате?!
– Нема! Ова е аптека и не продаваме такви работи.
– Лошо тргувате тука.
– Што не застанете Вие на моето место и да тргувате подобро?!
Си ги промениле местата.
– Еурокрем имате ли?
– Има!
– А црн кавијар?!
– Има!
– Добро, дај ми по сто грама од двете!
– А, рецепти имате ли?

Противење

Млад дечко прашува надарена плавуша:
– Ќе се противите ли ако сакам да имам секс со вас?
– Но јас никогаш не сум го правела тоа!
– Што?! Никогаш не сте имале секс?
– Не, никогаш не сум противела…

Проблем

Некој човек имал проблеми со ерекцијата, побарал совет од доктор и овој му препишал вијагра.. Човекот испил 3-4 апчиња наеднаш и нон стоп му бил дигнат..
Така тој срeќен ебел се што мрда жени, деца, комшии, сите сељаци по ред…
Ама сега па имал проблем не може да го спушти… Отишол пак на доктор..
– Колку апчиња испи?
– Па 3-4…
– Ааа па ти си претерал… Сега ќе отидеш дома и ќе пробаш со струја да го пецнеш и ќе се спушти…
Дошол човекот дома, во двор нашол акумулатор, земал кабли и го пецкал… Некој комшија го вишол како го пецкал и почнал да трча по селото и на цел глас да вика:
– БЕГАЈТЕЕЕЕ ЛУЃЕЕЕЕ… ОВОЈ ПАК ГО ПОЛНИИИИ!

Тројка

Трпана му вели на Трпе:
-Трпеее! Зошто се лутиш?! Нели идејата за тројка беше твоја?
-Точно! Ама сепак мислев дека и јас ќе учествувам…

Вијагра

Купил Трпе вијагра и се враќа дома.
Ја пие и му се дигнал, ама тамам Трпана се соблекла гола, му паднал… и оваа го прашува:
– Еее, што му е сеа?!
– Џабе вијаграта Трпано, те позна!

Задоволство

Жената му вели на мажот:
– Душо, измислив начин како да чувствувам задоволство од сексот со тебе, иако сме 10 години во брак?
– Како?
– Ќе си плаќаш!

Цигла

Најнова вест:
– Влав скршил прозор од златара со цигла, и го украл цело злато, фатен кога се вратил по циглата.

Поведение

Мајка му му вика на Трпе:
– Те избркале од школо поради лошо поведение? Срам да ти е!
Угледај се на татко ти! Него утре го пуштаат од затвор поради добро поведение!

Жени

Што мислат жените за време на секс:
– На 16 години: леле да не дознае мама.
– На 26 години: леле да не останам трудна.
– На 36 години: леле маж ми да не дознае!!
– На 46 години: леле да не му падне!

Сообраќајка

На семафор на црвено застанува црно ауди со тројца набилдани и истетовирани момци во него, кога одеднаш ТРАССС!!
Ги удира Југо со едно мало човече кое нема повеќе од метар и пеесет. Човекот ги гледа напумпаните во Аудито подголтнувајки си ја плунката, си вели:
– Готов сум, ама скапо ќе си ја продадам кожата.
Го отвара гепекот, ја вади хеблата и почнува да мава по аудито.
Го крши ретровизорот, мава по хаубата, по шофершајбната, ги дупчи гумите и задоволен се враќа во своето југо, го стартува и си оди.
Во аудито, тројцата билдери се гледат немо, смрзнати од страв,
– Кој беше овој? прашува едниот,
– Немам поим, ама замисли да бевме ние криви што ќе ни се случеше.

Антидепресанти

Трпе и вика на Трпана:
– Трпано си се здебелила малце…
– Тоа ми е од антидепресантите.
– Што користиш??
– Милка 300 грама…