Дома / Вицови (страна 30)

Вицови

Јасновитка

Трпана оди кај јасновидка:
– Памтите ли, дека пред три години ми предвидовте, дека ќе имам три деца и маж?
– Памтам, да.
– Дојдов да прашам, кога ќе имам маж?!

Часовник

Му подариле на еден македонски мафијаш златен Ролекс. Кога му го врачиле подарокот, тој го бендисал, но рекол дека не го разбира.
Му објасниле дека всушност многу лесно се познава колку е часот – кога двете стрелки се горе е дванаесет, а кога се долу е шест и пол.
Следниот ден мафијашот стои на улица и го чека шефот. Покрај него поминува едно девојче и го прашува:
– Чичко, колку е часот?
Мафијашот фрла еден тежок поглед кон својот елегантен часовник, размислува кратко време и вели:
– Рано е да се каже…

Созревање

Љубовното созревање на еден маж
Кога имав 16 години, сонував да си имам девојка.
На 18, конечно најдов. Но, немаше никакви чувства. Па решив да барам сентиментална и многу чувствителна девојка.
На 21 година си најдов таква. Таа беше толку чувствителна што плачеше и за најмала работа. Таа плачеше по цел ден, а понекогаш се заканувал и дека ќе изврши самоубиство.
Па така решив дека ми треба темпераментна, динамична девојка.
Најдов на 26. Таа вриеше од енергија. Започнуваше десет работи во исто време, и без да ги заврши, следниот ден започнуваше нови десет.
Отпрвин беше многу интересно, но потоа се чувствував како идиот околу неа. Решив да барам паметна и практична девојка.
На 31 ја најдов и се оженив за неа. Таа беше многу паметна и тврдоглава со двете нозе цврсто на земја. Таа беше толку практична што се разведе од мене и ми зеде сè што имав.
Сега сум стар и мудар. И си барам девојка со големи гради!

Дедо Мраз

На Нова Година, Дедо Мраз ги испорачува подароците.
Брза како луд да стигне на време, испотен се протнува низ еден оџак и што да види.
Гола девојка спие откриена во креветот. Дедо Мраз си помислува:
– Дали да ја искористам или не?! Ако ја искористам нема да стигнам на време со поклоните. Ама ако не ја искористам нема да можам да се протнам пак низ оџакот…

Пилот

Комитет за избор во војска формално го прашале Трпе:
– Каде сакате да служите?
– Сакам да бидам воен пилот!
– Жалиме, ама имате проблеми со крвта. Ќе мора да изберете друга професија!
– Противвоздушна одбрана!
– Зошто противвоздушна одбрана?
– Ако не можам да летам јас, никој нема да лета!

Гласови

Се среќаваат стари пријатели:
– Како си?
– Одлично! Конечно се ослободив од гласовите што ми кажуваа што да правам.
– Со лекови?
– Не! Се разведов.

Хор

Се среќаваат двајца стари пријатели:
– Цветко, што правиш, како си?
– Еве одам на проба од хор.
– Хор?! Ти и хор? Што правиш таму?
– Па, пиеме ракија, потоа преминуваме на пиво, па играме карти.
– А кога пееш?
– На враќање дома.

Желба

Две бабички седеле на плажа
– Вчера ја видов Брижит Бардно на телевизија.
– И?
– Се сеќаваш како млади колку сите сакавме да изгледаме како неа?
– Се сеќавам.
– Епа, нашиот сон конечно се оствари!

Пратеник

Проститутка била избрана за пратеник во собрание.
На првата седница, се обратила од говорницата:
– Почитувани колеги…

Роботски муабет

Влегува еден човек во бар, каде наместо бармен стоел робот зад шанкот.
Оди човекот на барот, а роботот го прашува:
– Колкав е Вашиот IQ?
-150 – рекол човекот.
Роботот веднаш му налева 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, квантна механика, нанотехнологиите итн.
Човекот бил многу импресиониран и следниот ден решил да го тестира роботот.
Кога роботот го прашал за неговото IQ – тој кажал 80.
Веднаш роботот му сервирал пиво и почнал муабет за фудбал, карти, омилени јадења, жени итн.
Така заинтригиран, човекот се вратил и трет ден.
Тогаш на роботот му кажал дека има IQ е 0.
Роботот, без да го праша, му налева една ефтина жолта ракија и го прашува:
– И што ќе правиме сега? За кој ќе гласаме?

Медицина

Баба отишла на доктор и го потпрашува докторот:
– Докторе да ви кажам нешто. Медицинава стварно напреднала многу со годините.
Кога бев млада морав да се соблечам до пола за да ме прегледаат, сега доволно е да го исплазам јазикот.

Бебе

Трпана му вика на Трпе:
– Љубов, дај ми го бебето да го нахранам.
– Ќе мора да почекаш додека не заплаче.
– Зошто?!
– Па не знам кај го оставив.

Детски додаток

Залетано влегува Трпе дома и задишан и вика на Трпана:
– Жено,дали слушна?
– Што?
– Владата одлучила да дава детски додаток на сите семејства кои имат по пет деца.
– Ама ние имамо само три.
– Ќе ми простиш жено, ама ја малку ти бев неверен едно време и у другото маало имам уште две вонбрачни деца.
Станува Трпе, и излегува од дома пак, а Трпана го прашува:
– Каде тргна?
– Идам да си ги земам децата и се враќам.
Се враќа Трпе дома со двете деца и ја прашува Трпана:
– Каде се другите три деца?
– Епа и комшиите чуле за новиот закон и дојдоа да си ги земат своите деца.