Дома / Вицови (страна 22)

Вицови

Циркуз

Дресер во циркуз излегува со мајмун на рамо.
– Дали знаете што знае овој мајмун да прави?! Гледајте сега!
Дресерот му мава шамар на мајмунот, мајмунот се симнува, му ги откопчува панталоните, завршува работа и се качува пак на рамења.
– Дали некој од публиката сака да проба?!
Од публиката се појавува плавуша:
– Јас би, али мавнете ме силно…

Вежбање

Прв ден Трпана му кажува на Трпе:
– Миличок идам во теретана.
– Добро мила.
Втор ден пак му кажува:
– Миличок идам на аеробик.
– Добро мила.
Третиот ден пак:
– Миличок одам на јавање.
– Знам мила, коњот веќе три пати се јави!

Фломастер

Шетал Цветко со жена си и по некое време му текнало:
– Жено зема фломастер со тебе?
– Не.
– Брзо иди дома и донеси фломастер.
Жената без да праша зошто, тркнала до дома и земала фломастер.
– Еве фломастер.
– Брззо нацртај ми шаховско поле на грбот.
Жената збунета, ама го послушала и му нацртала.
– Готово.
– Епа ај сеа земи и почешај ме на поле Д-6.

Ручек

Трпе ја прашува Трпана:
– Жено, што имаме за ручек денес?
– Тавче гравче.
– Пак! Не можам секој ден да јадам грав!
– Е да бе, а иста ракија можеш да пиеш секој ден?!

Папагал

Дечко што д’тка иде у продавницу за домашни миленичиња и прашуе:
– Ко..ко…колко кош..кошта овј па…папаааа…папагал??
– 130 евра.
– Ауууу, мноооо…мноооогооо. скуу….скупоо беее…
А папагал му вика:
– Што скупо бе?! Да ти е*у маму, поубаво збору од тебе!

Светлана

Спијат маж и жена Охриѓани, во сон мажот извикува:
– Светланааа!
Веднаш јаде шамар од жена му која го прашува:
– Која ти е таа Светлана бе!?
Абе светлана вкујна изгасни ги, ги заборавив…

Заем

Трпана лута му се дере на Трпе:
– Од денес ќе плаќаш за сé; ручек 10 евра; перење 10 evra, пеглање 10 евра…
Трпе ја слуша и заводливо и вика:
– Срце а да не се караме да водиме љубов?
– И тоа ќе те чини 100 евра!
– Епа ништо имам само 50 – и кажува Трпе и се врти и заспива.
По некое време слуша нешто шушка, се врти и ја гледа Трпана брка по ташната и ја прашува:
– Што правиш?
– Барам 50 евра да ти дадам на заем!

Избор

Во некоја европска клиника се пораѓале Македонка, Гркиња и црнкиња од Мароко.
Бројчињата на бебињата им ги помешале. Татковците требало да си одберат по едно бебе.
Со ждрепка одлучиле кој прв да бира. Му се паднало на Македонецот и тој го одбрал бебето црнче.
Кога го прашале зошто не избрал од белите бебиња рекол:
– Ризично беше, можеше да ми се падне Гркот.

Оптичар

Влав оптичар го учи својот син како да го превземе бизнисот:
– Кога ќе влезе клиент, не гледај во таванот, туку ќе го погледнеш директно во очи.
Кога ќе те праша за цена за очилата, прво ќе му кажеш 1000.
Ако не трепне, намали му на 499…
Ако пак не трепне, кажи му 100 денари.
Ако и по тоа не трепка, му викаш без ДДВ.
Кога ќе ти извади пари да ти плати, ќе му кажеш – стаклата не се вклучена во цената.