Дома / Вицови (страна 20)

Вицови

Бесценето

Цвеќе-300 денари
Такси-150 денари
Кино-300 денари
Вечера-2000 денари
Подарок-4000 денари
Хотелска соба-2000 денари

Изразот на неговото лице кога ќе му каже дека имаш менструација-БЕСЦЕНЕТО!!!

Авион

УЛАЗА ПЕДЕР У АПТЕКУ И ТРАЖИ ВИАГРУ :
– ПРОДАВАЧКА : аааааааа днска ќе га дизамо авион а?
– ПЕДЕР : аааааааа НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, днска ја ќе се возу!

Извршител

Ми се јави еден извршител прееска…
– Ми вика шо сакаш да ти земам за роденден!?

Роденден

За роденден на синот му донесов стриптизета! Жена ми очи ќе ми извадеше… Не ја разбирам… па детето еднаш пуни две години…

Свадба

Гледам продавница пишале: “Се за вашата свадба”, прашувам:
– Невеста имате ли?
– Немале…

Избори

Умира премиерот на Македонија. Утредента оди кај Свети Петар.
– Здраво Г-дин премиер.
– Здраво Свети Петар!
Вие Г-дин премиер сте важна личност и наш ред е да ви дадеме право на избор каде сакате да идете, дали во Рајот или во Пеколот. Затоа ќе останете по еден ден и на двете места за да видите како е и сами да си одлучите каде сакате да останете.
Одат прво во Пеколот. Влегува премиерот, гледа огромен базен, жени околу него. До базенот бар и сите стари негови пријатели од матните денове костумисани и дотерани. Свири некој добар бенд, околу играат жени. Ѓаволот страшен, облечен во некое скапо сако, се расфрла со пари и со жени околу него. Убавина! Поминува првиот ден, премиерот презадоволен!
Вториот ден оди во рајот. И таму многу убаво. Тишина, зеленило како на Беровско езеро. Свири убава музика, мил народ насекаде… И таму си поминал многу убаво, арно ама Пеколот му напраил многу поголем ќеиф и одлучил таму да се врати.
Оди премиерот повторно во Пеколот, влегува и има што да види. Пусто, чад од сите страни, смрдеж на умрено, пријателите негови како бездомници, невестите грозни…
– Премиерот: Абе, ѓаволе, вчера бев тука супер беше, базен, музика, жени, што бидна?…
– Ааа, Г-дин премиере. Исто како кај вас. Тоа вчера беше предизборна кампања, денеска веќе си гласал…

Свадба

Една баба гледа како поминува свадбена поворка и си мрмори:
– Уште една ја повеле со музика да мие чинии…

Што е стрес?

Што е стрес?
– Возиш кола, качуваш згодна автостопрека, лаф муабет и наеднаш типката паѓа во несвест, ја носиш во болница…е тоа е СТРЕС…
Влегуваш во болницата, девојката ја прегледуваат и ти кажуваат дека е трудна, Ви честитаат, ти во небрано, а она тврди дека ти си таткото…СТРЕС…
Ти целиот збунет, викаш дека ја знаеш само саат време и бараш да се направи ДНК за татковство, го правиш, те вика докторот настрана и ти вика:
– Немај гајле не си ти таткото, ти не си плоден… и тоа е СТРЕС, ама со олеснување…
Е сега, после тоа возиш накај дома, и ти текнува дека дома имаш три деца…Е ТОА Е ЧОВЕЧЕ СТВАРНО СТРЕС!!

Факт

Трпе мудрува:
– Како поминуваат годините да биде добра у кревет добива друго значење… да не ‘рчи, да не ти го зема ќебето…

Цветко во автобус

Влегува Цветко мртов пијан во автобус, гледа дека нема место и прашува една госпоѓа:
– Добар дееен, како сте, има нешто ново?
Повраќа врз жената, а жената лута се дере:
– Говедо едно, кој те пушти ваков во автобус, како не ти е срам, гледај на што личиш!
Цветко ја гледа и и вика:
– А ти види на што личиш!

Крадци

Банкарите се радуваат кога ви требаат пари.
Адвокатите се радуваат кога имате проблем.
Докторите се задоволни кога сте болен.
Фармацевтите умираат од радост кога купувате апчиња.
На автомеханичарите им е мерак кога автомобилот ќе ви се зафркне.
Стоматолозите се задоволни кога ви се расипани забите.
Водоинсталатерите се радуваат кога имате поплава дома.
Пријателите и познаниците се радуваат и ви се ситат кога сте сиромашни и не ви оди…
Единствено крадците, ви посакуваат среќа и благосостојба!

Интернет понуда

НИКАД НЕ ВЕРУЈТЕ НА ИНТЕРНЕТ ПОНУДЕ!!!
Гледам рекламу:
“Зголемување на вашиот пенис за 10 пати”
Поручи и стигна ми ЛУПА и доле на кутију сс големи букве пишуе:
“НЕ ГА ГЛЕДАЈТЕ ДОК ИМА С’ЛНЦЕ ДА НЕ ГА ИЗГОРИТЕ И ТОЈ ШТО ГА ИМАТЕ!!!