Дома / Вицови (страна 12)

Вицови

Реклама

– Каде работиш?
– Глумам во реклами за апчиња за слабеење.
– Ама ти си премногу дебел за во реклама!
– Епа да де! Јас сум тој ПРЕД…

Последна Желба

Двајца осудени на смрт, пред да бидат погубени ги прашале дали имаат последна желба.
Првиот од нив рекол:
– Јас сакам уште еднаш да го слушнам последниот хит на Јелена Карлеуша.
Вториот:
– Мене ако може да ме стрелате прв!

50 луѓе

Во една просторија има 50 луѓе.
Двајца мислат само на секс, а останатите на храна. – Што е тоа?
Свадба!

Во една просторија има 50 луѓе.
Двајца мислат само на јадење, а 48 на секс. – Што е тоа?
Прослава од фирма!

Во една просторија има 50 луѓе.
Сите 50 мислат на секс – Што е тоа?
Предавање на факултет!

Во една просторија има 50 луѓе.
Сите мислат само на јадење – Што е тоа?
Клуб на пензионери!

Убедување

Двајца психијатри седат на висок мост на кој имало многу туристи. Едниот вели:
– Секогаш тврдиш дека си подобар психијатар од мене. Ако можеш да убедиш тројца од овие туристи да скокаат од мостот и да се искршат, тогаш ќе ти дадам рака и ќе признаам дека си подобар.
Другиот прифатил. Тој внимателно ги погледнал луѓето наоколу, му пристапил на еден и му рекол:
– Ти си Американец, нели?
Човекот потврдил.
– А знаеш ли дека си шворц. Кредитната картичка ти е блокирана, куќата и автомобилот ти се конфискувани од банката?
– Тогаш зошто ми е ваков живот? – Рекол Американецот и скокнал од мостот.
Психијатарот погледнал наоколу и избрал втор човек.
– Ти си Французин, нели? Дали знаеш дека твојата сопруга избега со твојот најдобар другар, а љубовницата си најде друг?
– Тогаш нема зошто да живеам! – Рекол Французинот и скокнал од мостот.
Психијатарот му пристапува на трет:
– Ти си Македонец нели?
– Да.
– А знаеш ли дека од овој мост е забрането да се скока?!

Игралиште

Детско игралиште. 5-годишната Трпана дотрчува до мајка си возбудена:
– Мамо, мамо, си имам маж!
– Браво Трпано! – Се шегува мајката. – А кој ти е маж?
– Трпе, тој што си игра во песокот таму.
– И како дозна дека Трпе ти е маж?
– Па пред малку ми рече „Ајде собирај си ги работите и марш кај мајка ти!“

Кражба

Се враќа Трпе од работа и гледа неговата врата разбиена. Влегува внатре и што да види – две мажишта стојат среде дневната соба.
Почнале да го тепаат. Го тепале, го тепале, а тој одвај успеал да праша:
– Абе, дечки зошто ме тепате?
– Како да не те тепаме бе?! Телевизор Грундиг од пред 30 години, фрижидер Кончар исто од пред 30 години, шпорет на дрва од пред 50 години, пари немаш, злато немаш, ништо немаш – за кој кур си ја ставил таа блиндирана врата, па уште и решетки?! Зошто ги лажеш луѓето бе?!

Маска

Влегува Трпе во пекара:
– Дајте ми едно ѓеврече.
– А зошто очите ти се покриени со маската?
– За да не го гледам бурекот…

Кафе

Пилотот и копилотот разговараат за време на лет:
– Да пиеме по едно кафе и после да ја „опнеме“ стјуардесата?
– Може, може…
Арно ама, микрофоните биле вклучени и разговорот се слушнал во целиот авион. Стјуардесата се засрамила и се затрчала кон пилотската кабина да им каже. Но, се сопнала и паднала пред една бабичка. Таа и помогнала да стане и и рекла:
– Ќе се искршиш бе чедо! Не брзај толку! Рекоа дека прво ќе пијат кафе.

Прозори

Трпана во краток фустан ги мила прозорците на станот, а Трпе лежи на креветот со телефонот в раце.
По кратко време ѝ вели:
– Слегувај веднаш од таму!
– Зошто?
– Веќе те гледам на Фејсбук како ги миеш, од другиот агол!

Осамена

Плавуша се жали на другар:
– Многy сум депресивна.
– Од што?
– Дебела сум и осамена.
– Ај покажи ми каде си дебела? Јас ништо не приметувам.
– Е да бе! Па да ти покажам после и каде сум осамена нели…

Лек

Трпе на радио слуша некоја религиозна емисија:
– “Верата во господ може да излекува секаква болест, само испружете ја едната рака кон небото а другата ставете ја на болното место”
Трпе ја испружил едната рака кон небото а другата ја ставил меѓу нозе.
Го гледа Трпана и му вели:
– Нели слушна шо кажа човекот, да излекува болест, а не да оживее мртовец!